Шпанија: Брзо надминување на спорот со Мароко

Шпанија верува во брзо надминување на спорот со Мароко околу територијалниот спор за островот Перехил по американскиот дипломатски притисок за преговори и смирување на тензиите. Според владини извори иако немало директна средба на министрите за надворешни работи на двете земји ситуацијата е блиску до решавање по нивните телефонски контакти.