Брисел: Проширени ингеренциите на „Килибарните лисици“

Советот на НАТО, како и што се очекуваше, го прифати барањето на мисијата на ОБСЕ во Македонија за проширување на ингеренциите на Килибарните лисици на целата територија на земјата за септемвриските парламентарни избори. Целта е заштита и извлекување на меѓународните набљудувачи од кризни ситуации за време на изборите. Се очекува вечерва тоа да биде и официјално соопштено со писмо од генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон, а согласност да даде и владата на Македонија.