Мароко: Нема враќање на островот Лејла

Мароко нема да се врати на островот Лејла откако шпанските војници ќе се повлечат, изјави денеска министерот за надворешни работи на таа земја Мохамед Бенаиса. Претходно Шефот на шпанската дипломатија Ана де Паласио изрази подготвеност на нејзината земја да ги повлече 75-те легионари што го контролираат островот Лејла, под услов Мароко да се обврзе за враќање на статус кво ситуацијата.