Шпанија: Предлог за решение на спорот

Шпанија предложи решение за спорот со Мароко околу ненаселениот остров во медитеранот. Шпанскиот министер за надворешни работи Ана Паласијо предложи шпанските трупи да се повлечат од островот доколку Мароко вети дека нема повторно да распореди свои војници.