Грција: Уапсени водачите на терористичката организација 17 ноември

Синоќа во Грција се уапсени водачите на најбараната терористичка организација 17 ноември. Грчката полиција ги сослушува тројцата браќа Ксирос за кои се сомнева дека заедно со четвртиот брат кој бил ранет при експлозијата во Пиреј , го сочинувале оперативното јадро на најсмртоносната грчка терористичка организација 17 ноември. Оаа терористичката организација е одговорна за ликвидација на 23 луѓе од 1975 година, а на листата жртви имаше дипломати, полицајци, политичари и бизнисмени.