Израел: Одложена средбата со палестински претставници

Израел ја одложи средбата со палестинските преставници закажана за денеска поради нападот врз автобусот во кој вчера загинаа 7 а беа ранети 20 израелци.Средбите не може да се одржуваат истовремено со погребите , изјави портпаролот на израелската влада одложувајки го состанокот. Во меѓувреме израелските сили убија еден палестинец за кој се претпоставува дека учествувал во вчерашниот напад врз автобусот на Западниот Брег.