Русија: Осуда на нападите на Британија и САД над Ирак

Русија ги осуди американско-британските воздушни напади врз Ирак, обвинувајки ги овие две земји дека ги комплицираат напорите за мирно решавање на блиско-источната криза. Американската Авијација викондов бомбардираше во забранетата зона на летање на југот на Ирак при што тврди дека погодила подвижна радарска единица и постројки за против-воздушна одбрана, додека официјален Ирак соопшти дека едно лице загинало а 6 се ранети во бомбардирањето на цивилни цели.