Пакистан: Шеик Омар осуден на смртна казна

Пакистанскиот суд денеска го осуди исламскиот екстремист Шеик Омар на смртна казна поради киднапирањето и убиството на американскиот новинар Даниел Перл. Тројцата соучесници на Омар се осудени на доживотен затвор. Пакистанските власти презедоа силни мерки за безбедност поради можната одмазда на исламските екстремисти.