Париз: Обид за убиство на Ширак

Еден човек кој присуствувал на парадата на Денот на Републиката во Париз извадил пушка непосредно откако францускиот претседател Жак Ширак поминал во отворен автомобил, но набргу бил совладан од полицијата, јави агенцијата Ројтерс повикувајќи се на очевидци. Ширак само што го завршил дефилето околу Триумфалната капија, еден човек од куфер за гитара извадил нешто што личело на спортска пушка со калибар од 22 милиметри.