Џаму: Исламски екстремисти убија 27 лица

Исламски екстремисти преправени во хинду свештеници во градот Џаму убија 27 лица а 35 ранија, соопшти индиската полиција. Едно дете и 13 жени се наоѓаат меѓу жртвите на нападот кој по се изгледа ќе доведе до ново заострување на односите меѓу Индија и Пакистан. Полицијата се сомнева дека нападот го извршила организацијата Лашкар е Таиба со седиште во Пакистан, која порано била обвинета за напад врз индискиот парламент во декември минатата година.