Русија: Партнерските односи со САД приоритет

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека меѓусебните партнерски односи на Русија и Соединетите Американски Држави остануваат еден од неспорните приоритети на Москва. Обраќајки им се на руските амбасадори и дипломати во руското Министерство за Надворешни Работи, Путин оцени дека таквите односи не само што се во интерес на народите на двете држави, туку позитивно влиае врз целиот систем на меѓународните односи.