Турција: Министерот за надворешни Исмаил Џем поднесе оставка

Турската новинска агенција Анадолија денеска јави дека турскиот министер за надворешни работи Исмаил Џем поднел оставка. Оставката на Џем е последната во серијата оставки во кабинетот на премиерот Булент Еџевит.Вчера Еџевит за прв пат ја спомна можноста за предвремени избори но рече дека не планира да си поднесе оставка.