Јужна Кореа: Промени во владата

Јужно Кореанскиот претседател Ким Дае Јунг денеска ги смени премиерот и шест министри во владата , изјави шефот на претседателскиот кабинет Парк Дџија Вон, а овој потег се оценува како зајакнување на кабинетот во пресрет на почетокот на предизборната кампања за претседателските избори во декември. За претседател на владата е наименуван Џанг Санг, поранешен декан на Универзитетот.