Нови Сад: Експлозија на автомобил

Автомобил марка Ауди 8 со босански регистарски таблички , денеска околу 10 часот експлодира во Нови Сад. Истражниот судија на Окружниот суд во Нови Сад Предраг Четковиќ соопшти дека сопственикот на возилото Танасије Самарџиќ загинал а полесно е повредена неговата девојка. Полицијата се уште не соопшти за што се работи.