Чешка: Постигнат коалиционен договор за нова влада

Победникот на Чешките парламентарни избори Социјал Демократската Партија, синоќа постигна конечен договор со своите коалициони партнери за состав на новата влада. Идниот премиер, лидерот на социјал демократите Владимир Шпидла го обелодени составот на новата влада која во Долниот Дом на Парламентот може да смета на тесно мнозинство од 101 пратеник од вкупно 200 пратеници. Новата влада ќе има 17 министри, од кои четворици истовремено ќе бидат назначени за потпретседатели.