Кина: 43 загинати при експлозија во рудник

43 тела се извлечени од рудникот во провинцијата Хелионг Џијанг во северо-западна Кина каде вчера дојде до експлозија, соопшти денеска Кинеската влада. Преживеани нема а истрагата е во тек, иако до такви експлозии најчесто доаѓа поради лошата вентилација на рудниците.