Обсервер: Бин Ладен подготвува нови терористички напади

Терористичката мрежа на Осама Бин Ладен подготвува серија напади на 11 септември со кои ќе биде одбележана годишнината од воздушните напади на Њујорк и Вашингтон, пишува денеска Обсервер повикувајки се на разузнавачки извори. Лондонскиот весник наведува дека со планот Голема Акција, ќе раководи лично Бин Ладен, а предвидени се напади врз цели во Соединетите Држави, Израел и Велика Британија. Според изјава на неименуван британски разузнавач не се поставува прашањето дали ќе има терористички напади, туку кога и каде ќе бидат изведени.