Алжир: Најмалку 35 загинати во експлозии на бомби

Најмалку 35 лица го загубија животот во две подметнати експлозии на пазарот во Ларба и Сиди Фреј во Алжир каде што вчера се прославуваше 40 годишнината од независноста од Франција. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите, а пред три дена армијата соопшти дека победила во 10 годишната војна против муслиманските бунтовници.