Рига: Состанок „Мост кон Прага“

Соединетите држави го подржуваат проширувањето на НАТО на 10 држави од поранешниот источен блок, но подготовките на државите кои сакаат да се приклучат треба да завршат, изјави на состанокот во Рига со шефовите на влади на 10-те земји-кандидати шафот на републиканците во американскиот сенат Трент Лот. На состанокот наречен ,,Мост кон Прага,, преку сателитска врска ќе се обратат американскиот претседател Џорџ Буш и британскиот премиер Тони Блер. Станува збор за последен состанок пред ноемврискиот самит во Прага на кој ке биде решено кои земји ќе бидат поканети да станат членки на НАТО.