Синот на претседателот на Јужна Кореа на суд

Најмладиот син на јужнокорејскиот претседател Ким Дае Јунг денеска излезе на суд под обвинување дека примил три милиони долари мито од некој бизнисмен. Инаку, и на вториот син на јужнокорејскиот лидер деновиве треба да му се суди за корупција. Ким Дае Јунг, кој пред четири години дојде на функцијата со ветување дека ќе се бори против корупцијата, деновиве јавно им се извини на граѓаните за ваквото однесување на неговите синови.