Албанија: Алферд Мојсиу единствен кандидат за претседател

Лидерите на владејачката Социјалистичка и на опозиционата Демократска партија на Албанија Фатос Нано и Сали Бериша денеска се договорија единствен кандидат за иден шеф на државата да биде поранешниот заменик-министер за одбрана Алфред Мојсиу. До согласноста дојде само ден пред утрешното гласање во албанскиот парламент за нов албански претседател. Претходно, сегашниот амбасадор во Брисел Артур Куко ја одби понудата на Нано и на Бериша тој да биде кандидиран за таа функција.