Вашингтон: Иран и Ирак коридор за Ал Каеда

Иран и Ирак служеа како коридор за припадниците на терористичката мрежа Ал Каеда, од Авганистан во други арапски земји, изјавија синоќа официјални американски преставници. Американскиот Секретар за Одбрана Доналд Рамсфелд, ја обвини Иранската влада дека им помага на терористите да излегуваат од Авганистан.