Шпанија: Штрајк на Синдикатот

Синдикатот во Шпанија денеска стапи во генерален штрајк , со кој се парализираат најголемите сектори во економијата во предвечерието на самитот на Европската Унија во Севиља. Синдикатот протестира против реформите со кои владата сака да ги намали бенефициите на невработените . Владата од друга страна вели дека овие реформи ќе придонесат за намалување на невработеноста во земјата .