Њујорк: Крај на расчистувањето на ирнатините

Во Њујорк денеска на местото каде што некогаш се наоѓаше Светскиот Трговски Центар ќе биде одржана церемонија со која ќе се одбележи крајот на операцијата за расчистување на урнатините. Во терористичкиот напад на 11 септември минатата година две илјади осумстотини дваесет и три лица го загубија животот, од кои илјада сто и две се идентификувани. На церемонијата ке бидат присутни роднините на жртвите и работниците кои учествуваа во спасувачките операции.