Достапни линкови

Проблематизирање на пописот


Државен завод за статистика
Државен завод за статистика

Речиси еден месец по усвојувањето на Законот за попис, неколку недели по објавувањето на метотодологијата и месец и половина до неговиот почеток, се уште силни се несогласувањата меѓу власта и ВМРО-ДПМНЕ за начинот на попишување.

Пописот да биде во согласосност со стандардите на Евростат и Обединетите нации, да биде електронски и да не се одржи во време на пандемија- сумирано ова се трите забелешки што ги посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ за пописот кој треба да се одржи во април. Меѓународниот секретер на опозициската партија и пратеник во Собранието Тимчо Муцунски смета дека е небезбедно во време на пандемија да одат попишувачи во домовите на граѓаните, а како решение посочува два начина, или електронски попис или одложување на теренскиот за идната година.

Проблем со пописот е што ќе се одржи во време на пандемија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:48 0:00
Директен линк

„Од гледна точка на стандардите кои што се воспоставуваат од Евростат очигледно е дека има круцијален недостаток на користење на бази на податоци, не е јасна методологијата од која тргнува пописот за користење на електронските регистри кои што се стандардна пракса. Исто така, не се само стандардите на Евростат туку и на Обединетите нации при што има неколку препораки кои кажуваат дека доколку треба да се избегне попис во оваа година на пандемија“, вели Муцунски во интервју за РСЕ што во целост ќе го емитуваме в недела.

Методологијата за македонскиот попис напишана на 43 страници, а објавена на интернет страница на Државниот завод за статистика. Во неа пет пати се споменуваат стандардите на Обединетите нации, на Евростат и европските регулативи и Обединетите нации. И директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски тврди дека методологијата е во согласност со нив и ги отфрла шпекулациите за нерегуларности.

„ Не знам зошто некои ова го поврзуваат со сосема други глупости, нашата намера е единствено оваа - да се приберат податоци. Нам ни требаат тие податоци како држава, како земја за да креираме квалитетни политики, па и за тие луѓе, тие се наши државјани“, вели Симовски.

И од владата тврдат дека пописот, како најзначајна статистичка операција, е дефиниран според правната рамка и согласно стандардите на Обединетите нации и Евростат, како и друга меѓународна и домашна регулатива.

5 поенти за пописот 2021
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:59 0:00


Некои од документите што ги споменува Симовски ,пак, се на речиси 250 страници. На пример клучните теми кои се спореа сега во македонскиот попис како попишувањето на тие што се во странство и во препораките на европските статистичари е предвидено да се попишуваат оние кои се иселени од земјата помалку од 12 месеци. Методологијата за априлскиот попис предвидува, македонските иселеници кои се надвор од државата повеќе од една година да имаат две опции, или да се попишат преку апликација која ќе им биде достапна, или пак да ги попишат нивните роднини во Македонија.

И ако засега се чини дека нема сериозни забелешки во однос на методологијата, Муцунски забележува на друго прашање што може да даде погрешен тон на пописот.

„Самата суштина на прашањата што се поставуваат не е толку комплексна колку што е рамката на овој попис. Еве дали е во согласност со стандардите на Евростат, јас ќе ви кажам не е, да имате вие врзан потпис на двајца директори за конечниот резултат на пописот. Што е потребата од врзан потпис ако имате вие само статистичка операција?“, вели Муцунски.

Инаку, пописот ќе се спроведува по комбиниран модел - теренски ќе се прибираат податоци со интервју „лице в лице“, а ќе се користат и бази на податоци од девет институции. Одговорите на прашањата наместо да се запишуваат на хартиени обрасци, се внесуваат во лап-топи. Со внесувањето на матичниот број на тој што се попишува во компјутерот се преземаат податоците од достапните бази и дел од прашањата за кои има одговори во тие бази, автоматски ќе се пополнат. Доколку податоците кои се даваат се неточни или непотполни апликацијата не може да се затвори, со што лицето не може да биде попишано.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG