Криумчарско насилство врз мигрантите кои транзитираат низ Македонија
Мигранти одат до железнички пруги кај Идомени на границата меѓу Грција и Северна Македонија. (архивска фотографија).
Криумчарите им наплаќаат високи суми на мигрантите за транзитот низ земјава, но често тие и физички ги малтретираат. Ситуацијата е потрагична за ониe мигранти кои настрадале во сообраќајни несреќи додека шверцерите бегале од полицијата, со што загубиле раце или нозе. Mал број мигранти побарале азил во земјава, но поголемиот број од нив тоа го направилe токму поради тешките повреди кои ги добиле во земјава.
Голем број мигранти или бегалци кои транзитираат низ Северна Македонија, се жртви на насилство од страна на криумчарите, но и на психолошки и финансиски притисок, предупредуваат од Црвениот крст.
Според организацијата, шверцерите на мигрантите им наплаќаат од 800 до 1.000 евра за да ги пренесат од јужната до северната граница на земјава, но тие често и физички ги малтретираат. Има многу случаи на претепани мигранти, но и такви кои завршуваат со тешки повреди во сообраќајни несреќи.
„Наидуваме на многу насилство на терен. Наидуваме на луѓе кои се претепани и кои се здобиле со сериозни повреди, загубиле раце или нозе, пример во сообраќајки. Овие луѓе многу страдаат. Освен финансиски, тие се под голем психолошки притисок од криумчарите. Ние помагаме колку што можеме, но тоа е многу жално да се гледа“, вели Сузана Тунева-Пауновска - секретар на Црвениот крст.
Меѓу последните жртви на криумчарење беше млада девојка која во април го загуби животот во земјава, во инцидент кај гевгелиската касарна. Македонски полицаец ја застрелал мигрантката, додека полицајата вршела контрола на две патнички возила со осум мигранти кои почнале да бегаат. Криумчари нападнале еден од полицајците и се обиделе да му го одземат пиштолот, по што пиштолот испукал и ја погодил девојката“, соопшти МВР. Шверцерите се во притвор, а Обвинителството го истражува случајот.
Северна Македонија е дел од таканаречената Балканска рута, низ која транзитираат мигрантите и бегалците од војните на Блискиот исток и Северна Африка. Според одредени проценки, над милион луѓе ја минаа во периодот од 7 години.
Сепак, според податоците на Црвениот крст во земјава добиле азил само 13 мигранти од 2015 година, што покажува дека таа не е крајна дестинација за мигрантите.
Овие 13 мигранти останале во Севрна Македонија токму поради тешките повреди со кои се здобиле додека транзитирале, како што е губење на екстремитети, велат од Црвениот крст. Морале да одат на операција и поради тоа одлучиле да бараат азил, за да имаат пристап до здравствена заштита и програмите за интеграција.
Загинатата девојка е само еден од низата случаи последниве месеци во кои беа апсени шверцери на мигранти. Нема забележителен раст на мигранти кои пристигнуваат на границите, но полицијата апси повеќе шверцери.
Тоа е поради заедничките напори на македонската полиција и Европската агенција за гранична и крајбрежна стража Фронтекс, која на 14 април ја започна својата мисија во земјава.
Старт на ФРОНТЕКС во Северна Македонија
1/12Во полицискиот тренинг центар во Ѓорче Петров, денеска, со свечена церемонија, официјално почна Заедничката операција на Фронтекс во Северна Македонија
Во полицискиот тренинг центар во Ѓорче Петров, денеска, со свечена церемонија, официјално почна Заедничката операција на Фронтекс во Северна Македонија. Заедничката операција со Фронтекс ќе трае до 24 јануари 2024 година, со можност за нејзино продолжување, а има за цел поддршка на националните служби во граничната контрола и управувањето со миграциите, вклучувајќи ги и превенцијата, откривањето и спречувањето на прекуграничниот криминал, прибирањето и размената на оперативни информации...
2/12Заедничката операција со Фронтекс ќе трае до 24 јануари 2024 година, со можност за нејзино продолжување
Во полицискиот тренинг центар во Ѓорче Петров, денеска, со свечена церемонија, официјално почна Заедничката операција на Фронтекс во Северна Македонија. Заедничката операција со Фронтекс ќе трае до 24 јануари 2024 година, со можност за нејзино продолжување, а има за цел поддршка на националните служби во граничната контрола и управувањето со миграциите, вклучувајќи ги и превенцијата, откривањето и спречувањето на прекуграничниот криминал, прибирањето и размената на оперативни информации...
3/12Операцијата има за цел поддршка на националните служби во граничната контрола и управувањето со миграциите, вклучувајќи ги и превенцијата, откривањето и спречувањето на прекуграничниот криминал, прибирањето и размената на оперативни информации и идентификувањето на можни ризици и закани, јакнење на оперативната соработка и поддршка на оперативните капацитети
Во полицискиот тренинг центар во Ѓорче Петров, денеска, со свечена церемонија, официјално почна Заедничката операција на Фронтекс во Северна Македонија. Заедничката операција со Фронтекс ќе трае до 24 јануари 2024 година, со можност за нејзино продолжување, а има за цел поддршка на националните служби во граничната контрола и управувањето со миграциите, вклучувајќи ги и превенцијата, откривањето и спречувањето на прекуграничниот криминал, прибирањето и размената на оперативни информации...
4/12Планирано е во текот на 2023 година Фронтекс да распореди повеќе од 100 службеници, патролни возила и специјална опрема со што значително ќе се зголемат капацитетите за откривање на илегалните активности долж државната граница
Во полицискиот тренинг центар во Ѓорче Петров, денеска, со свечена церемонија, официјално почна Заедничката операција на Фронтекс во Северна Македонија. Заедничката операција со Фронтекс ќе трае до 24 јануари 2024 година, со можност за нејзино продолжување, а има за цел поддршка на националните служби во граничната контрола и управувањето со миграциите, вклучувајќи ги и превенцијата, откривањето и спречувањето на прекуграничниот криминал, прибирањето и размената на оперативни информации...
5/12Договорот за ФРОНТЕКС беше потпишан на 26 октомври 2022 година во Скопје за време на посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен
Во полицискиот тренинг центар во Ѓорче Петров, денеска, со свечена церемонија, официјално почна Заедничката операција на Фронтекс во Северна Македонија. Заедничката операција со Фронтекс ќе трае до 24 јануари 2024 година, со можност за нејзино продолжување, а има за цел поддршка на националните служби во граничната контрола и управувањето со миграциите, вклучувајќи ги и превенцијата, откривањето и спречувањето на прекуграничниот криминал, прибирањето и размената на оперативни информации...
6/12Договорот со ФРОНТЕКС е прв ваков договор помеѓу ЕК и Република Северна Македонија на македонски јазик
Во полицискиот тренинг центар во Ѓорче Петров, денеска, со свечена церемонија, официјално почна Заедничката операција на Фронтекс во Северна Македонија. Заедничката операција со Фронтекс ќе трае до 24 јануари 2024 година, со можност за нејзино продолжување, а има за цел поддршка на националните служби во граничната контрола и управувањето со миграциите, вклучувајќи ги и превенцијата, откривањето и спречувањето на прекуграничниот криминал, прибирањето и размената на оперативни информации...
7/12Договорот со ФРОНТЕКС отвора можност за воспоставување заеднички операции на европската Агенцијата за гранична и крајбрежна стража на територијата на Република Северна Македонија
Во полицискиот тренинг центар во Ѓорче Петров, денеска, со свечена церемонија, официјално почна Заедничката операција на Фронтекс во Северна Македонија. Заедничката операција со Фронтекс ќе трае до 24 јануари 2024 година, со можност за нејзино продолжување, а има за цел поддршка на националните служби во граничната контрола и управувањето со миграциите, вклучувајќи ги и превенцијата, откривањето и спречувањето на прекуграничниот криминал, прибирањето и размената на оперативни информации...
8/12Операциите на ФРОНТЕКС првично ќе ја покриваат јужната граница со Грција, а подоцна е предвидено да се прошират и да ги опфатат границите со Србија и Албанија
Во полицискиот тренинг центар во Ѓорче Петров, денеска, со свечена церемонија, официјално почна Заедничката операција на Фронтекс во Северна Македонија. Заедничката операција со Фронтекс ќе трае до 24 јануари 2024 година, со можност за нејзино продолжување, а има за цел поддршка на националните служби во граничната контрола и управувањето со миграциите, вклучувајќи ги и превенцијата, откривањето и спречувањето на прекуграничниот криминал, прибирањето и размената на оперативни информации...
9/12Полициските службеници од ФРОНТЕКС и македонските гранични полицајци ќе учествуваат во заеднички тренинг активности за развој на капацитетите на гранична контрола преку размена на оперативни информации, професионално искуство и најдобри воспоставени практики
Во полицискиот тренинг центар во Ѓорче Петров, денеска, со свечена церемонија, официјално почна Заедничката операција на Фронтекс во Северна Македонија. Заедничката операција со Фронтекс ќе трае до 24 јануари 2024 година, со можност за нејзино продолжување, а има за цел поддршка на националните служби во граничната контрола и управувањето со миграциите, вклучувајќи ги и превенцијата, откривањето и спречувањето на прекуграничниот криминал, прибирањето и размената на оперативни информации...
10/12Полициските службеници од ФРОНТЕКС и македонските гранични полицајци ќе работат под команда и контрола на македонската Гранична полиција
Во полицискиот тренинг центар во Ѓорче Петров, денеска, со свечена церемонија, официјално почна Заедничката операција на Фронтекс во Северна Македонија. Заедничката операција со Фронтекс ќе трае до 24 јануари 2024 година, со можност за нејзино продолжување, а има за цел поддршка на националните служби во граничната контрола и управувањето со миграциите, вклучувајќи ги и превенцијата, откривањето и спречувањето на прекуграничниот криминал, прибирањето и размената на оперативни информации...
11/12Високи странски и домашни функционери присуствуваа на свечената церемонија за старт на ФРОНТЕКС операцијата
Во полицискиот тренинг центар во Ѓорче Петров, денеска, со свечена церемонија, официјално почна Заедничката операција на Фронтекс во Северна Македонија. Заедничката операција со Фронтекс ќе трае до 24 јануари 2024 година, со можност за нејзино продолжување, а има за цел поддршка на националните служби во граничната контрола и управувањето со миграциите, вклучувајќи ги и превенцијата, откривањето и спречувањето на прекуграничниот криминал, прибирањето и размената на оперативни информации...
12/12На свеченоста присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, извршниот директор на Фронтекс Ханс Лејтенс, амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир и Лена Дупонт – член на Европскиот Парламент и известувач за Договорот за статус помеѓу ЕУ и Република Северна Македонија
Во полицискиот тренинг центар во Ѓорче Петров, денеска, со свечена церемонија, официјално почна Заедничката операција на Фронтекс во Северна Македонија. Заедничката операција со Фронтекс ќе трае до 24 јануари 2024 година, со можност за нејзино продолжување, а има за цел поддршка на националните служби во граничната контрола и управувањето со миграциите, вклучувајќи ги и превенцијата, откривањето и спречувањето на прекуграничниот криминал, прибирањето и размената на оперативни информации...
Previous slide
Next slide
Во мисијата „Фронтекс“ работат 111 полициски службеници, според податоците, кои ги добивме агенцијата.
„Со отпочнувањето на мисијата Фронтекс, откривачката активност се зголемува од страна на мешаните патроли Фронтекс и полициските службеници“, се вели во одговорот за Радио Слободна Европа.
И невладините организации, кои долго работат со мигрантите кои пристигнуваат во земјава, гледаат повеќе приведувања на криумчари поради заедничките напори на „Фронтекс“ и македонската полиција.
„Фронтекс“ е скоро еден месец активен на терен на јужната граница на Северна Македонија и мислам дека таа поддршка на нашата гранична полиција вродува со резултати, со поголеми бројки на решени случаи и поголема превенција на криумчарење на мигранти и бегалци“, вели Јасмин Реџепи од граѓанската организација „Легис“ која обезбедува помош за мигрантите во земјава.
„Фронтекс“ на 14 април ја започна мисијата. Со тоа граничната контрола и безбедноста на границите е засилена, со распореден контингент од повеќе граничари на границите на Северна Македонија.
Почеток на Заедничката операција на ФРОНТЕКС во Северна Македонија, Скопје 20 април 2023
Граничарите на Фронтекс заедно со македонската полиција се распоредени на јужната граница со Грција, на Табановце на северната граница со Србија, и во Ново Село на источната граница со Бугарија. Се уште на границите се и полициските сили на земјите од Вишеградската група.
Од почетоков на годинава до крајот на март, спречeни се вкупно 1.849 обиди за илегална миграција, што е за околу 300 обиди помалку за разлика од истиот период минатата година, според податоците кои ги добивме од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Сепак, во моментов од 10 до 30 мигранти или бегалци од војна дневно влегуваат во земјава, најчесто од Грција, според податоците на Црвениот крст. Оттаму велат дека во месец април има зголемување на бројот на мигранти кои влегле во земјава.
„Луѓето кои во моментов поминуваат низ државата најчесто доаѓаат од Сирија, Авганистан, Бангладеш, Мароко и Тунис. Во првиот квартал од годината исто така луѓе кои доаѓаат од Пакистан, а нешто што ние очекуваме во следниот период е можеби да дојдат луѓе од Судан“, вели Тунева – Пауновска.
Фронтекс им помага на македонските власти при патролирање, спроведување на проверки на документи и собирање информации за прекугранични криминални активности.
Мисијата на Фронтекс беше поздравена од меѓународните организации и од регионалните влади, кои се надеваат дека тоа ќе биде ефективен чекор кон ублажување на тековната мигрантска криза во регионот.
Таканаречената балканската рута се движи главно од Турција и Грција, преку Македонија и Србија кон европските држави кои се крајна цел на мигрантите. Тие бегаат од воените дејства во нивните земји, економската нестабилност и се почесто до климатските промени кои носат глад.
По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.