Додека некои земји ги одржуваат своите засолништа за итна употреба, други ги трансформираа во музеи. Во Северна Македонија има 100 јавни засолништа, но дали и колку се подготвени за евакуација на население и на одговор во случај на вонредна ситуација?
Зад пазарчето во населбата Аеродром се наоѓа едно од дваесеттината јавни засолништата во Скопје.
Речиси два метри под земја, засолништето има капацитет да засолни 200 луѓе во случај на вонредна состојба.
Опремено е со системи за вентилација и ротори за произвдоство на електрична енергија како и алати за самоспасување и е едно од функционалните засолништа во земјава.
Засолништето е изградено во 80-тите години од бившата југословенска армија, а последен пат е реновирано пред десеттина години. Скривницата има неколку соби со бетонски прегради, располага со тоалети, има систем за вентилација и врати за принуден излез.
„Во Скопје се дваесеттина засолништа, но не се рамномерно распределени затоа што, како се градело, зависи од големината на градежните активности и сето ова е градено до пред 15 години“, вели Димче Митевски, раководител на Сектор за оператива и логистика од Дирекцијата за заштита и спасување.
На територијата на целата земја пак има околу 100 јавни засолништа, но само пет се целосно реновирани.
Скопските засолништа се наоѓаат во општините Гази Баба, Карпош, Кисела Вода, Центар и Чаир. Со одлука на Владата во 2005 година година дел од засолништата кои припаѓале на Министерството за одбрана, се доделени на Дирекцијата за заштита и спасување на трајно користење.
Дел од засолништата, како ова, се функционални, но дел се оставени на забот на времето.
„Половина од засолништата се во одлична функционална состојба и истите се одржуваат навремено и служат за она што е наменето, останатите се тунелски засолништа, кои уште во времето на градење се направени само за еднократно засолнување, но без некои поголеми мерки за засолнување“, вели Митевски.
Друг и поголем дел одзасолништата пак се во надлежност на граѓаните. Станува збор за помали засолништа кои се наоѓаат под станбени згради и други објекти, за кои што се одговорни куќните совети.
„Повеќето од засолништата се во сопственост на граѓаните односно куќните совети и по добиен знак за евентуална опасност, претседателот на куќниот совет кој го има клучот од засолништето го отвора за засолнување на граѓаните“, вели Митевски.
Засолништата се урбанистичко-технички мерки за заштита за населението, кои не само што се дел од деталните урбанистички планови туку за нив порано се плаќала и јавна давачка. До пред неколку години секоја зграда мораше да располага со засолниште, но од 2012 година тие законски уредби се укинати и во новите згради кои што се градат нема засолништа.
Жителите на еден ослободен украински град живеат под земја додека руските сили напредуваат
1/13Речиси четири месеци откако руските војници го напуштија градот Лиман во источниот дел на Донбас, жителите како Љубов се борат да преживеат меѓу урнатините во подрумите што ги нарекуваат домови.
Речиси четири месеци по ослободувањето, жителите на разурнатиот град Лиман продолжуваат да живеат под земја без греење или струја.
2/13Се смета дека до 90 отсто од структурите на Лиман биле уништени или оштетени по руската инвазија пред речиси една година.
Речиси четири месеци по ослободувањето, жителите на разурнатиот град Лиман продолжуваат да живеат под земја без греење или струја.
3/13Звуците на артилерија се секогаш блиску додека руските сили спроведуваат офанзиви кон Лиман, кој е 60 километри северно од Бахмут, каде што се водат некои од најжестоките борби во војната.
Речиси четири месеци по ослободувањето, жителите на разурнатиот град Лиман продолжуваат да живеат под земја без греење или струја.
4/13Стоејќи меѓу урнатините на нејзиниот поранешен дом, Љубов беше една од оние што останаа за време на руската окупација. Многумина од оние што не побегнаа беа постари, сиромашни или се грижеа за болни роднини.
Речиси четири месеци по ослободувањето, жителите на разурнатиот град Лиман продолжуваат да живеат под земја без греење или струја.
5/13Слики од семејството на Љубов го красат ѕидот во подрумот што таа го нарекува дом. Таа живее тука повеќе од 270 дена откако нејзиниот стан на последниот кат беше уништен од гранатирањето во април.
Речиси четири месеци по ослободувањето, жителите на разурнатиот град Лиман продолжуваат да живеат под земја без греење или струја.
6/13Со температурите кои се движат под нулата, владата и хуманитарните групи донесоа печки и им поделија дрва на семејствата. Евелина е меѓу околу 700 деца кои живеат во Лиман. Таа живее со нејзината мајка, баба и четворица соседи во овој подрум.
Речиси четири месеци по ослободувањето, жителите на разурнатиот град Лиман продолжуваат да живеат под земја без греење или струја.
7/13Евелина стои во подрумската комора што ја дели со Леонид (десно), кој ја користел како работилница пред војната. Градоначалникот на Лиман, Олександр Журавлов, наводно изјавил дека 3.000 жители се вратиле откако градот бил ослободен.
Речиси четири месеци по ослободувањето, жителите на разурнатиот град Лиман продолжуваат да живеат под земја без греење или струја.
8/13Евелина со нејзиното кученце Умка.
„Во моментов, не им препорачуваме на луѓето да се вратат овде. Напротив, подобро им е во побезбедни места и градови“, вели Журавлов.
Речиси четири месеци по ослободувањето, жителите на разурнатиот град Лиман продолжуваат да живеат под земја без греење или струја.
9/13Друга жителка, Дарја, готви оброк во подрумот, кој го дели со другите. Без вода или систем за централно греење, условите можат да бидат ужасни.
Речиси четири месеци по ослободувањето, жителите на разурнатиот град Лиман продолжуваат да живеат под земја без греење или струја.
10/13Сепак, жителите се обидуваат да создадат чувство на нормалност, како што е насмеаната Свитлана, сликана со фотографии од нејзината внука.
Речиси четири месеци по ослободувањето, жителите на разурнатиот град Лиман продолжуваат да живеат под земја без греење или струја.
11/13Володимир седи до влезот на неговата станбена зграда, каде што тој и тројцата соседи живеат во подрумот. Времето го троши на сечење дрва што им се потребни на жителите за да се стоплат.
Речиси четири месеци по ослободувањето, жителите на разурнатиот град Лиман продолжуваат да живеат под земја без греење или струја.
12/13Федир пумпа вода од бунар до неговиот оштетен станбен блок. Со семејството живее во подрум.
Речиси четири месеци по ослободувањето, жителите на разурнатиот град Лиман продолжуваат да живеат под земја без греење или струја.
13/13И покрај тешките борби што продолжуваат во регионот на Донбас и влошените временски услови, цивилите се враќаат во ослободените украински градови блиску до линијата на фронтот - против препораките на локалните власти.
Речиси четири месеци по ослободувањето, жителите на разурнатиот град Лиман продолжуваат да живеат под земја без греење или струја.
Previous slide
Next slide
Голем дел од овие засолништа се запуштени или пак издадени на приватни лица за разни намени. Давањето под закуп не е спротивно на Законот за заштита и спасување, но обврска на закупците е да не изведуваат градежни зафати што ја нарушуваат основната функција и мораат во услови на криза да ги вратат во првобитната состојба за 48 часа.
Некои од засолнишата пак како на пример градското засолниште во Струмица станало уметничка галерија, а во Штип во засолниште се влегува преку кафуле.
Војната во Украина ги отвори прашањата во каква состојба и дали и колку државите се подготвени за вакви ситуации.
„Ние сме сега членка на НАТО, сметаме дека дури немаме потреба за градење на нови засолништа, дури предлагаме постоечките да се користат за други намени како теретани, магацини, кафулиња и слично“, вели Митевски.
Сепак европските држави, како на пример Германија, веднаш по руската инвазија почна да ги зајакнува своите јавни засолништа, а Владата соопшти дека работи на нови концепти, подобрување на подземните паркинзи, метро станиците и подрумите, со цел да станат потенцијални засолништа, а на сојузните држави им дала 88 милиони евра за поставување сирени за тревога.
Новинарската кариера ја започна во 2015 година во Канал 5 телевизија како репортер во информативната програма. Родена е на 15.03.1992 година во Скопје. Од јануари 2022 година работи како соработник на Радио Слободна Европа од Скопје.