Безбедносните сили приведоа поддржувач на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро за време на демонстрациите против претседателот Луис Инасио Лула да Силва, во Бразилија, Бразил, 8 јануари 2023 година.
Поддржувачите на екстремно десничарскиот поранешен претседател на Бразил, Жаир Болсонаро вчера ги нападнаа Конгресот, претседателската палата и Врховниот суд, како мрачно ехо на инвазијата на американскиот Капитол пред две години од страна на приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп.
Во неверојатни сцени кои потсетуваат на инвазијата на зградата на американскиот Капитол на 6 јануари 2021, поддржувачите на Болсонаро ги пробија полициските кордони во Бразилија, кршејќи прозорци и врати и ограбувајќи канцеларии.
Поддржувачите на Болсонаро упаднаа во Конгресот
1/16Поддржувачите на експретседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, упаднаа во Конгресот на 8 јануари.
Неколку стотици приврзаници на поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро во неделата упаднаа во главните владини институции во Бразил - Конгресот, Врховниот суд и претседателската палата. Тие бараат оставка на Да Силва, а полицијата употреби солзавец во обид да ги одбие.
2/16Драматичните сцени се случија една недела по инаугурацијата на Луис Инасио Лула да Силва за претседател.
Неколку стотици приврзаници на поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро во неделата упаднаа во главните владини институции во Бразил - Конгресот, Врховниот суд и претседателската палата. Тие бараат оставка на Да Силва, а полицијата употреби солзавец во обид да ги одбие.
3/16Демонстранти упаѓаат во зградата на Парламентот
Неколку стотици приврзаници на поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро во неделата упаднаа во главните владини институции во Бразил - Конгресот, Врховниот суд и претседателската палата. Тие бараат оставка на Да Силва, а полицијата употреби солзавец во обид да ги одбие.
4/16Полицијата употреби солзавец во обид да ги одбие демонстрантите.
Неколку стотици приврзаници на поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро во неделата упаднаа во главните владини институции во Бразил - Конгресот, Врховниот суд и претседателската палата. Тие бараат оставка на Да Силва, а полицијата употреби солзавец во обид да ги одбие.
5/16Демонстрантите и полицијата се судрија на платото пред институциите во главниот град на Бразил.
Неколку стотици приврзаници на поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро во неделата упаднаа во главните владини институции во Бразил - Конгресот, Врховниот суд и претседателската палата. Тие бараат оставка на Да Силва, а полицијата употреби солзавец во обид да ги одбие.
6/16Поддржувачите на Болсонаро одбиваат да прифатат дека тој ги загуби изборите. На фотографијата, демонстрантите фрлаат солзавец, камења и други работи кон полицијата.
Неколку стотици приврзаници на поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро во неделата упаднаа во главните владини институции во Бразил - Конгресот, Врховниот суд и претседателската палата. Тие бараат оставка на Да Силва, а полицијата употреби солзавец во обид да ги одбие.
7/16За време на протестот тие ги пробија бариерите и влегоа во зградата на Конгресот, а надвор сè беше опкружено со чад од солзавец.
Неколку стотици приврзаници на поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро во неделата упаднаа во главните владини институции во Бразил - Конгресот, Врховниот суд и претседателската палата. Тие бараат оставка на Да Силва, а полицијата употреби солзавец во обид да ги одбие.
8/16Демонстрантите кои ги скршиле стаклата и влегле во зградата кампувале во близина.
Неколку стотици приврзаници на поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро во неделата упаднаа во главните владини институции во Бразил - Конгресот, Врховниот суд и претседателската палата. Тие бараат оставка на Да Силва, а полицијата употреби солзавец во обид да ги одбие.
9/16Скршено стакло на зградата на Конгресот низ кое надвор се гледаат полициски кордони.
Неколку стотици приврзаници на поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро во неделата упаднаа во главните владини институции во Бразил - Конгресот, Врховниот суд и претседателската палата. Тие бараат оставка на Да Силва, а полицијата употреби солзавец во обид да ги одбие.
10/16Поддржувачите на Болсонаро бараат воена интервенција и оставка на Да Силва. На фотографијата демонстрант фрла камења кон полицијата.
Неколку стотици приврзаници на поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро во неделата упаднаа во главните владини институции во Бразил - Конгресот, Врховниот суд и претседателската палата. Тие бараат оставка на Да Силва, а полицијата употреби солзавец во обид да ги одбие.
11/16За време на демонстрациите интервенираше и полицијата со коњаничка единица.
Неколку стотици приврзаници на поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро во неделата упаднаа во главните владини институции во Бразил - Конгресот, Врховниот суд и претседателската палата. Тие бараат оставка на Да Силва, а полицијата употреби солзавец во обид да ги одбие.
12/16Фотографија од внатрешноста на Претседателската палата (Планалто) откако демонстрантите упаднаа во неа.
Неколку стотици приврзаници на поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро во неделата упаднаа во главните владини институции во Бразил - Конгресот, Врховниот суд и претседателската палата. Тие бараат оставка на Да Силва, а полицијата употреби солзавец во обид да ги одбие.
13/16Демонстрантите ги срушија оградите поставени од полицијата.
Неколку стотици приврзаници на поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро во неделата упаднаа во главните владини институции во Бразил - Конгресот, Врховниот суд и претседателската палата. Тие бараат оставка на Да Силва, а полицијата употреби солзавец во обид да ги одбие.
14/16По извесно време безбедносните сили почнаа да апсат и да ги смируваат немирите.
Неколку стотици приврзаници на поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро во неделата упаднаа во главните владини институции во Бразил - Конгресот, Врховниот суд и претседателската палата. Тие бараат оставка на Да Силва, а полицијата употреби солзавец во обид да ги одбие.
15/16Безбедносните сили претходно се обидоа да ги запрат демонстрантите.
Неколку стотици приврзаници на поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро во неделата упаднаа во главните владини институции во Бразил - Конгресот, Врховниот суд и претседателската палата. Тие бараат оставка на Да Силва, а полицијата употреби солзавец во обид да ги одбие.
16/16Полицијата уапси стотици демонстранти.
Неколку стотици приврзаници на поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро во неделата упаднаа во главните владини институции во Бразил - Конгресот, Врховниот суд и претседателската палата. Тие бараат оставка на Да Силва, а полицијата употреби солзавец во обид да ги одбие.
Previous slide
Next slide
Левичарскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, кој го победи Болсонаро на најсложените избори во минатата година, најави федерална безбедносна интервенција во Бразилија која ќе трае до 31 јануари, откако безбедносните сили на главниот град ги совладаа напаѓачите.
Екстремно десничарскиот Болсонаро на Твитер го осуди „ограбувањето и нападите врз јавни згради“. Но, политичарот наречен „Тропски Трамп“ го отфрли тврдењето на Лула дека ги поттикнувал нападите и оти го бранел правото на „мирни протести“.
„За жал, тоа е приказна која им е доста позната на Американците. Имате квази-авторитарен десничарски претседател, кој не прифаќа изборен резултат, во овој случај Жаир Болсонаро, кој всушност избега од Бразил неколку дена пред инаугурацијата на претседателот Лула да Силва на 1-ви јануари“, вели Ден Рестрепо од Центарот за американски напредок.
На прес-конференција, Лула го обвини Болсонаро и се пожали на недостаток на безбедност во главниот град, велејќи дека властите дозволиле „фашисти“ и „фанатици“ да направат хаос.
Глетката на илјадници жолто-зелени облечени демонстранти во немири во главниот град ја затворија повеќемесечната тензија по изборите на 30 октомври.
Болсонаро, соработник на Трамп, кој допрва треба да го признае поразот, лажно тврди дека бразилскиот електронски систем за гласање е склон кон измами, предизвикувајќи насилно движење на негирање на изборите.
Но, оттогаш немаше никаков збор од Болсонаро, кој едвај се појавуваше во јавност откако ги загуби изборите. Тој полета за Флорида 48 часа пред крајот на мандатот и отсуствуваше на инаугурацијата на Лула.
Насилството во Бразилија може да ги засили правните ризици со кои се соочува Болсонаро.
Андриј Јануш од Универзитетот за политички науки на Флорида вели: „Ако ги погледнете и Болсанаро и Лула, тоа се многу поделени фигури. Значи, и двајцата имаат висок рејтинг на одобрување кај некои, но и високи оценки за одбивање меѓу другите. Лула е политички прагматичар и за да им се допадне на некои од овие десничарски гласачи, тој ќе сака да покаже некаков вид на подадена рака во обидот да води политика што е до центарот, која не мора да ги антагонизира тие десничарски елементи“.
Насилството во Бразил, исто така, претставува главоболка за американските власти додека тие дебатираат како да се справат со неговиот престој на Флорида.
„Тоа е еден вид синдром на болен губитник. Тој едноставно не сакаше да ги прифати резултатите од изборите. Знаеше дека има правна опасност ако остане во Бразил, за голем број дејствија што ги презеде како претседател на Бразил“, вели Ден Рестрепо, наведувајќи:
„Тој долго време ја сака Флорида; како член на бразилскиот конгрес, тој беше редовен посетител на Флорида. И мислам дека одлучи дека тоа е и удобно и безбедно место за него, навидум надвор од дофатот на бразилскиот закон. Ќе дознаеме во наредните недели и месеци дали таа пресметка е точна“.
Николас Зимерман од центарот Вилсон пак смета дека насилството во Бразил е уште една потврда за порастот на популизмот во светот:
„Ова не е конкретно бразилска работа. Ова не е нужно бразилска работа. Мислам, видовме пораст на популизмот во глобалните демократии ширум светот, од Британија до Индија, Бразил, САД, Мексико. Значи, мислам дека повеќе се сведува на тоа што можеме да направиме заедно како меѓународна заедница за да направиме демократиите да им даваат подобри резултати на своите граѓани“.
Зимерман вели дека не станува збор за некоја висока наука и оти демократијата не е доволно ефикасна.
„Луѓето сакаат разумен пристап до лекар и лекови кога се болни. Тие сакаат нивните деца да се образуваат. Тие сакаат слободно време да го поминат со своите пријатели и семејството. Сакаат храна, квалитетна храна што не ги разболува, и сигурен сум дека заборавам на многу работи. Но, на крајот на денот, демократијата не ја врши доволно добра работа“.
Затоа според него, она што Лула треба да го направи е да се обиде да го запре социо-економското назадување во Бразил.
Околу три часа по првичните извештаи за инвазијата, безбедносните сили успеале да ги вратат трите згради. Телевизиските снимки покажаа дека десетици демонстранти биле одведени со лисици.
Нападот беше осуден од светските лидери. Американскиот претседател Џо Бајден, чие сопствено претседателство беше обележано со сличен настан, рече дека ситуацијата е „срамна“ а неговиот државен секретар Ентони Блинкен понуди целосна поддршка од Вашингтон на Лула и на институциите на Бразил.
Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.