Откако руските сили во последните неколку недели го интензивираа својот напредок во источна Украина, на бојното поле им помага нова алатка: беспилотни летала кои летаат со употреба на кабли со оптички влакна.
„Употребата на беспилотни летала со оптички влакна FPV дефинитивно создава нови предизвици на бојното поле“, рече граничен чувар од бригадата Помста кој се идентификува според неговиот знак за повикување „Феникс“.
РСЕ за оваа приказна се согласи да го идентификува него и другите војници според нивните знаци на повикување или само според нивните имиња, како што е според правилата поставени од украинската војска.
За разлика од стандардните FPV беспилотни летала со поглед од прво лице - терминот што се користи за беспилотни летала управувани преку видео коешто безжично се пренесува до слушалките и дисплејот на пилотот, употребата на кабли со оптички влакна им овозможува на беспилотните летала да работат без радио сигнали.
Ова ги прави помалку ранливи на електронско мешање бидејќи остануваат директно поврзани со нивните оператори и до 15 километри преку тенок оптички кабел кој што наликува на конец за риболов.
Додека украинските сили се соочуваат со намалената поддршка за вооружување од Западот и предноста на Русија со поголемата бројност во човечка сила, модифицираните беспилотни летала претставуваат промена во тактиката на бојното поле во Украина.
И Киев и Москва ги засилуваат борбите додека војната влегува во клучна фаза пред повторното враќање на функцијата на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп кој вети дека брзо ќе ја заврши војната.
Новите беспилотни летала, наводно, се во употреба од летото, но украинските војници стационирани низ целата земја за РСЕ изјавија дека тие стануваат главен дел од стратегијата на Москва на бојното поле којашто се залага да заземе поголема територија на истокот на Украина.
„Многу опасно оружје“
Многумина рекоа дека покрај тоа што дроновите се користат за извидување, руските војници сè почесто ги користат како самоуништувачки беспилотни летала кои со мала носивост ги таргетираат украинските позиции и возила.
„Ова е многу опасно оружје. Тоа е како тула со пропелер што лета кон вас и малку можете да направите да го спречите тоа“, рече „Варан“, офицер во 148-та артилериска бригада.
Соочени со промена на тактиката, војниците велат дека биле принудени брзо да се прилагодат со променливи резултати.
Костјантин, командант на баталјонот на бригадата Буревиј на Националната гарда, вели дека неефикасноста во електронското заглавување против новите беспилотни летала, овозможува тие да летаат подлабоко во украинските линии и да стигнат до цели со поголема прецизност во споредба со традиционалните дронови FPV.
„Ова им овозможува подобро да ги видат нашите позиции, да удираат попрецизно и да летаат на подолги растојанија. Ова ја прави ситуацијата малку покомплицирана“, рече тој.
Шефот на Главната разузнавачка агенција на Министерството за одбрана на Украина, Кирило Буданов, на 31 декември ги нарече новите беспилотни летала „огромен проблем за нас“.
На 8 јануари, Институтот за проучување на војната (ISW) забележа дека Русија се повеќе распоредува беспилотни летала со оптички влакна како дел од нејзината сегашна офанзива и рече дека беспилотните летала извршиле серија нови напади долж линијата на фронтот.
„Швајка“, пилот на беспилотни летала и командант на вод стационирани во близина на Соледар во источна Украина, вели дека долгите кабли со оптички влакна можат да го отежнат откривањето на беспилотните летала.
Додека војниците честопати можат да забележат антени што се користат за да се овозможи пилотирање на стандардните FPV беспилотни летала од далечина и да се оневозможат, руските дронови имаат само долга, тенка линија со калем што лесно се сокрива.
„Има само мала кутија каде што е поставен кабелот со оптички влакна од самиот дрон и многу е лесно да се пропушти ова бидејќи е со големина на кутија цигари“, рече тој.
Друга предност е тоа што тие се со помала веројатност да го изгубат својот сигнал од стандардните беспилотни летала FPV и можат полесно да ги следат целите.
„Доколку пилотот е професионално обучен, користењето беспилотното летало со оптички влакна им овозможува да летаат многу ниско без да го загубат видео сигналот“, рече „Лјутиј“, командант на единицата ФПВ во Третиот оддел во украинската напаѓачка бригада.
„Ова им овозможува да вршат извидување и да стигнат до инаку недостапни цели подобро од обичен дрон“.
Не се без недостатоци
„Медоид“, украински граничар, вели дека најголемата лекција што ја научил од справувањето со беспилотните летала е потребата да се преземат дополнителни мерки на претпазливост и подобро да се камуфлираат потенцијалните цели и персонал.
Беспилотните летала со оптички влакна не се без свои недостатоци, додава тој, велејќи дека се борат на терен и простори што не се отворени и дека видел неколку заглавени во гранки од дрвја. Беспилотните летала се исто така ограничени во растојанија што можат да ги поминат и каде можат да удрат врз основа на опсегот на кабелот.
Со оглед на овие пречки, војниците велат дека најлесниот начин да се извадат врзаните беспилотни летала е со оган од мало оружје.
Други велат дека распоредиле големи мрежи - дури и рибарски мрежи - за да ги извадат. Каблите може рачно да се отсечат, но со тоа се ризикува да се изложат војниците на дојдовен оган.
Но, во војна каде секој напредок може да се покаже како клучен, новите дронови имаат влијание на бојното поле.