Достапни линкови

Преглед на неделниот печат


Ако уште од сега, а и од пред 2-3 недели и неделниците пишуваа само за предвремените избори, не знам што ќе пишуваат се до денот 5 јуни?!

Прво беше дали ќе има или ќе нема избори, па избирачкиот список, па државната изборна, па... Ама, тоа ти е нашата стварност, наместо со леб, да се храниме со предизборни и изборни слатки.

Форум дури се занимава и со новинарската фела, па во уводникот симболично насловен со „Црнила“, забележува дека медиумите, уште пред официјалниот старт на изборната кампања веќе се, а допрва ќе бидат и целосно избербатени со валканици и простотилак, во името на „целта ги оправдува средставата“. Форум прашува како сево ова пристоен човек да го поднесе и издржи, како да се спаси од оваа гнасна контаминација, кога е веќе јасно дека не може да и' се спротивстави. Сето тоа ќе доведе до тотална девалвација на политичкото во Македонија и целосна
Избори или гладијаторски борби, прашува во анализата Фокус.
резигнација на граѓаните, чиј резултат ќе биде висока апстиненција на денот на изборите, предвидува Форум.

„Избори или гладијаторски борби“, прашува во анализата Фокус, за да наслови дека на 5 јуни ќе се одлучува кој ќе работи на Илинденска, а кој ќе патува кон Идризово. Да ги исмејуваш преплатените пенкала на Црвенковски од 5 илјади евра, а да се правиш мутав за 500% поскапо платените споменици со милионски суми... да лееш солзи за половина милион „надежни“ евра потрошени од Бранко, а да молчиш како риба за десетици милиони евра давани со непосредни спогодби преку финтата - анекс на договори... Е, тоа е будалска работа до даска и навреда за граѓанинот! Но, заканите од опозицискиот фронт дека после 5 јуни
Форум прашува како сево ова пристоен човек да го поднесе и издржи, како да се спаси од оваа гнасна контаминација, кога е веќе јасно дека не може да и' се спротивстави.
портокаловите измами ќе бидат раскринкани и процесуирани, ја прават предизборната кампања да има гладијаторски шмек. И важно е, како што во 1998-та беше државен приоритет да тресне нааканиот СДСМ, така е и сега со аздисаната ВМРО-ДПМНЕ, оти уште еден мандат на ваква тоталитарна гарнитура, во услови кога имаат неограничена власт, ќе претставува вистинско цунами за кревкиот демократски развој, заклучува Фокус.

Глобус наведува 14 начини за местење на изборите, при што, како што пишува, списокот на методите, бездруго, не завршува со нив. А, со тоа што власта си скрои свои изборни правила постојат многу причини за да се каже дека власта не ја научила лекцијата од минатиот пат кога изборите беа прогласени за најлошо организирани, но и дека и овие избори оставаат простор за сомнеж дека нема да бидат резултат на јасно изразената волја на гласачите, заклучува Глобус, во втората анализа во врска со претстојните предвремени избори.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG