Достапни линкови

Вељаноски ги закажа изборите


Последната седница на шестиот парламентарен состав во независна Македонија.
Последната седница на шестиот парламентарен состав во независна Македонија.

Изборите дефинитивно на 5 јуни. Спикерот Вељаноски ги повика партиите да создаваат конструктивна атмосфера.

Изборите и официјално на 5 јуни. Спикерот Трајко Вељановски го потпиша решението за распишување предвремени парламентарни избори, откако Собранието вчера се самораспушти. Вељаноски апелира до политичките
Секоја политичка партија, во наредниот период има шанса да даде свој придонес кон создавањето конструктивна атмосфера и кон јакнењето на меѓусебната доверба. Истовремено ги повикувам членовите и симпатизерите на политичките партии, фер и достоинствено да учествуваат во целиот изборен процес и секогаш да водат сметка за вкупните заеднички интереси на
државата.
партии да бидат одговорни и да обезбедат услови за одржување фер и демократски избори.

„Се разбира, секоја политичка партија ќе настојува, за своите ставови, да обезбеди што поголема подршка од граѓаните и од јавноста во целина. Но, истовремено, секоја политичка партија, во наредниот период има шанса да даде свој придонес кон создавањето конструктивна атмосфера и кон јакнењето на меѓусебната доверба. Истовремено ги повикувам членовите и симпатизерите на политичките партии, фер и достоинствено да учествуваат во целиот изборен процес и секогаш да водат сметка за вкупните заеднички интереси на државата.“

Од денеска владата дејствува како техничка. До 5 мај, партиите, коалициите и независните листи треба да ги комплетираат пратеничките листи за шесте изборни единици. Предизборната кампања официјално ќе стартува на 15 мај.

Што ја одбележа работата на овој, шести по ред собраниски состав во независна Македонија? Носење стотици експрес-закони без присуство на опозицијата и речиси без расправа, бојкот од опозицијата, мнозинство од 61 пратеник од коалицијата на владејачката партија и двотретинско мнозинство на владејачката коалиција. Според анкетите меѓу граѓаните што агенциите ги спроведуваа во изминативе три години, собранието добиваше преодна средна оценка.

Трајко Вељаноски

Куриозитет на ова собрание е што во одреден период дури и дел од владејачкото мнозинство ја бојкотираше работата на Парламентот. Имено, коалицискиот партнер во власта ДУИ, неколку дена ги бојкотираше седниците поради тоа што не биле консултирани за изборот на новиот гувернер.

Професор Мерсел Биљали, кој беше пратеник во два мандати од 1994 до 2002 година, вели дека овој парламентарен состав не заслужува преодна оценка.
Не успеа да се наметне во однос на владата, туку напротив, Собранието само потврдуваше тоа што беше желба на владата. Значи Собранието стана сервис на владата наместо да биде спротивно.

„Не успеа да се наметне во однос на владата, туку напротив, Собранието само потврдуваше тоа што беше желба на владата. Значи Собранието стана сервис на владата наместо да биде спротивно.“

Политикологот Владимир Божиновски се согласува дека Собранието го губи влијанието и се претвора во гласачка машинерија, но потсетува дека, освен првиот собраниски состав од 1991 до 1994 година, сите други парламенти во независна Македонија биле во сенка на владата.

„Не може да се бара одговорност кај ниту една политичка партија, туку треба да се бара одговорност кај самите пратеници, затоа што и од личниот интегритет на самиот пратеник зависи колку ќе биде тоа Собрание значајно и успешно во повторното враќање на онаа улога, како креатор на политиката во Македонија, како што беше во првиот парламентарен состав.“

Божиновски вели дека од новиот парламент очекува, меѓу другото, да претстане со практиката за главните работи да се одлучува на лидерски средби. Одлучувањето треба да се врати во Собранието, вели тој.

Овој парламентарен состав е последен со 120 пратеници. На претстојните избори дијаспората ќе има право да избере тројца пратеници, па наредниот Парламент ќе брои 123 пратеници.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG