Достапни линкови

Распишување избори


Собранието вчера се распушти, спикерот Трајко Вељановски денеска распишува избори
Собранието вчера се распушти, спикерот Трајко Вељановски денеска распишува избори

По распуштањето на Собранието, следи распишување на изборите што ќе се оддржат на 5 јуни. По што ќе биде запаметен овој парламентарен состав?

Носење стотици експрес-закони без присуство на опозицијата и речиси без расправа, бојкот од опозицијата, мнозинство од 61 пратеник од коалицијата на владејачката партија и двотретинско мнозинство на владејачката коалиција. Според анкетите меѓу граѓаните што агенциите ги спроведуваа во изминативе три години, собранието добиваше преодна средна оценка.
Не успеа да се наметне во однос на владата туку напротив Собранието само потврдуваше тоа што беше желба на владата. Значи Собранието стана сервис на владата наместо да биде спротивно.

Ова се дел од работите што го одбележаа овој парламентарен состав.

Куриозитет на ова Собрание е што во одреден период дури и дел од владејачкото мнозинство ја бојкотираше работата на Парламентот. Имено, коалицискиот партнер во власта ДУИ, неколку дена ги бојкотираше седниците поради тоа што не биле консултирани за изборот на новиот гувернер.

Професор Мерсел Биљали, кој беше пратеник во два мандати од 1994 до 2002 година, вели дека овој парламентарен состав не заслужува преодна оценка.

„Не успеа да се наметне во однос на владата, туку напротив, Собранието само потврдуваше тоа што беше желба на владата. Значи Собранието стана сервис на владата наместо да биде спротивно.“

Претседателот на Собранието Трајко Вељановски денеска распишува избори

Го прашавме Биљали, по што ќе го памети овој собраниски состав.

„Па ќе се запамети по невидена послушност во однос на владата, за жал така е ситуацијата кога една партија има доминантен број на пратеници, со што не може да се избалансира работата во Собранието.“

Политикологот Владимир Божиновски се согласува дека Собранието го губи влијанието и се претвора во гласачка машинерија, но потсетува дека, освен првиот собраниски состав од 1991 до 1994 година, сите други парламенти во независна Македонија биле во сенка на владата.

„Не може да се бара одговорност кај ниту една политичка партија, туку треба да се бара одговорност кај самите пратеници, затоа што и од личниот интегритет на самиот пратеник зависи колку ќе биде тоа Собрание значајно и успешно во повторното враќање на онаа улога како креатор на политиката во Македонија како што беше во првиот парламентарен состав.“
Не може да се бара одговорност кај ниту една политичка партија туку треба да се бара одговорност кај самите пратеници, затоа што и од личниот интегритет на самиот пратеник зависи колку ќе биде тоа Собрание значајно и успешно.

Божиновски потсетува дека и во ова Собрание има пратеници што отскокнуваат.

„И сега има во овој пратенички состав, да кажеме десетина пратеници што се издвојуваат со еден кредибилитет, интегритет и со лична инцијатива, ама тие се малку, додека во првиот Парламент повеќето пратеници некако многу посериозно си ја сфаќаа својата работа како законодавци.“

Божиновски вели дека од новиот парламент очекува, меѓу другото, да претстане со практиката за главните работи да се одлучува на лидерски средби. Одлучувањето треба да се врати во Собранието, вели тој.

Овој парламентарен состав е последен со 120 пратеници. На претстојните избори дијаспората ќе има право да избере тројца пратеници, па наредниот Парламент ќе брои 123 пратеници.

Спикерот Трајко Вељаноски денеска ги распишува предвремените парламентарни избори што треба да се одржат на 5 јуни. По официјалното распишување на изборите, владата дејствува како техничка. До 5 мај, партиите, коалициите и независните листи треба да ги комплетираат пратеничките листи за шесте изборни единици. Предизборната кампања официјално ќе стартува на 15 мај.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG