Достапни линкови

Избегнато затворањето на американските институции


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека договорот што во последен момент го постигнаа конгресните лидери, со кој се одбегна затворање на владините служби, се случил поради тоа што се согласиле Американци со различни верувања.

Обама додаде дека некои од кратењата ќе бидат болни, но оти Белата куќа ги заштитила нејзините приоритени проекти. Спикерот на Претставничкиот дом, републиканецот Џон Бонер извести за постигнатиот договор два часа пред последниот рок, по што американската влада ќе мораше да прекине голем дел од активностите.

Обама претходно разговараше со лидерите на Конгресот за надминување на несогласувањата околу буџетот, но компромис не е постигнат. Демократрите и Републиканците не можеа да постигнат договор за тоа колку треба да се скратат трошоците во федералниот буџет со цел да се намали огромниот дефицит. Доколку до синоќа на полноќ не се усогласеа, повеќето од државните институции требаше да бидат затворени, бидејќи, според американските закони, без буџет, не може да работат.

Обама умерен оптимист


Претседателот Обама, претходно изрази умерен оптимизам дека сепак би можело да дојде до договор.

„Сакам да им повторам на луѓето зошто ова е толку важно. Владата може да престане да работи. Тоа значи, прво, 800 илјади луѓе кои работат во разни државни институции низ земјата, нема да можат да одат на работа и нема да земат плата. Уште дополнителни еден милион луѓе ќе бидат погодени, бидејки нема да можат да ги добијат услугите од владините институции.“

Обама, сепак, изрази надеж дека до крајот на денот ќе може да им соопшти на Американците дека проблемите се надминати. Обама ја откажа планираната посета на Индијана и остана во Вашингтон за да биде надминат проблемот. И Републиканците и Демократите се согласни дека се потребни големи штедења во буџетот, но не можеа да се договорат за конкретните суми.

Какви се можните последици?

Заменик директорот на Канцеларијата за менаџмент и буџет во Белата куќа, Џефри Заинтс, изјави дека се прави се за да биде избегнато затворањето на владините институции.

Џефри Заинтс

„Доколку дојде до затворање, ќе има реални ефекти врз услугите за американските граѓани, но и за економијата во целина. Сепак, сервисите кои се клучни за безбедноста и заштитата на имотот, нема да бидат затворени.“

Инаку, ако нема договор за буџетот, плати нема да земат ни војниците, вклучувајки ги и тие во Ирак и Авганистан, а ќе бидат затворени и националните паркови и музеите.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG