Достапни линкови

САД - Економски раст против дефицитот


Американскиот Претседател Барак Обама
Американскиот Претседател Барак Обама

Буџетската сметка на Соединетите Американски Држави е во минус за 1.1 трилиони американски долари. Во јуни, месец во кој вообичаено се бележи буџетски суфицит, минусот на буџетската сметка на САД изнесуваше 49 милијарди долари. Дупката во американскиот Буџет е резултат на владино трошење за справување со рецесијата во која западна земјата. До сега од народната каса се издвоени 700 милијарди долари за помош на финансискиот сектор и 787 милијардни долари фдискален стимулус за економско опоравување. Трошоците за воените офанзиви во Ирак и Авганистан се дополнителен товар на расходната страна од американскиот Буџет. Од друга страна, приходите во народната каса се намалени во споредба со минати години. Соочени со најлошата рецесија во изминативе децении, американските компании мораа да опуштаат вработени, со што се намалија приливите од даноци.
Портпаролот на Белата Куќа Роберт Гибс изјави дека Владата работи за намалување на дупката во Буџетот:

Роберт Гибс - портпарол на Белата Куќа


,,Еден од начините за намалување на дефицитот е економскиот раст. Потребно е поставување на темели за долготраен раст, отворање на нови работни места и стабилизација на финансискиот систем. Сметам дека Претседателот превзема активности за тоа да се случи и сметам дека Конгресот го подржува буџетскиот план на Претседателот со кој ќе се преполови буџетскиот дефицит во рок од четири години,,.

Сепак за оваа година американските власти прогнозираат раст на буџетскиот дефицит до 1,8 трилиони американски долари. Економистите се загрижени дека во ваква ситуација тешко ќе се контролира инфлацијата а не се исклучуѕва ни можноста за пад на вредноста на американскиот долар. Американските власти сепак се оптимисти дека минусот на буџетската сметка ќе се намали.

XS
SM
MD
LG