Достапни линкови

Куманово со нов лик


Куманово во тенденција да стане модерен град со европски лик. Ќе се гради нов админстративен центар, спортско-рекреативни центри, ќе се реновираат улици...

Изградба на административно-економски центар во центарот на градот, нови спортско-рекреативни центри, улици и канализација се проектите кои годинава Општината Куманово ќе ги започне, а градот со нив ќе добие нов и модерен лик, вели градоначалникот Зоран Дамјановски.
Сега е откочена работата и општината вцрта ендо подземно гаражирање, еден комерцијален центар со компатибилна содржина, бидејќи основна дејност е административна зграда, општински административен центар и подрачни министерства, доколку имаат желба да се преселат тука.

Она што меѓу кумановци е актуелно е уривање на старите и руинирани објекти во центарот на градот, на локалитетот Чоробенски ќоше и започнување изградба на административно-економски објект. Тоа е мегапроект најавуван последните две години, за кој процедурата е во тек, а градоначалникот се надева дека ќе го снема тоа ругло за градот.

„Сега е откочена работата и општината вцрта ендо подземно гаражирање, еден комерцијален центар со компатибилна содржина, бидејќи основна дејност е административна зграда, општински административен центар и подрачни министерства, доколку имаат желба да се преселат тука. Тоа е еден е голем комплекс. Градежната парцела е 4 илјади и 800 квадратни метри, а маркицата околу три илјади квадрати, седум катна, првите два ката комерцијален центар за да има економска оправданост изградбата, два ката подземно гаражирање со 600 до 700 паркирања и идејно решение.“


Инвестицијата според првичните пресметки за целиот комплекс е околу 7 милиони евра. А градоначалникот Дамјановски објаснува:

„Се надеваме дека ќе успееме со обврзници или со кредитно задолжување во банки од 3,5 до 4 милиони евра, а остатокот ќе го бараме со соинвеститорство за комерцијален дел, бидејќи сигурно некои од брендирани фирми, не само во Македонија, туку и во регионот, ќе сакат да бидат во тој репрезентативен дел.“

РСЕ: Како ќе се надмине проблемот со обесштетување на сопствениците на објектите?

„Во моментот сме на договарање, бидејќи има имотни листови за некаде околу 400 квадрати површина, тоа не е голема површина, помалку од 10 отсто од вкупната површина што е во сопственост на РМ, со корисничко
Се надеваме дека ќе успееме со обврзници или со кредитно задолжување во банки од 3,5 до 4 милиони евра, а остатокот ќе го бараме со соинвеститорство за комерцијален дел.
право на општината. Со сопствениците сме во преговори и поголем дел од нив се вклопени во дел од проектот да им се даде адекватна површина на нови деловни простори со што ќе бидат задоволени апетитите и за нив, а ќе се отвори процесот за изградба на овој комплекс.“

Техничките проблеми треба да се надминат, а наесен ќе започне реализацијата, со што се очекува проектот целосно да биде завршен за помалку од две години.

„Мислам дека ќе биде еден многу позитивен проект, ќе го измени ликот на градот, ќе имаме нова,модерна, перспективна админситрација, според зaконите на децентрализацијата администрацијата да биде сервис на граѓаните“, вели Дамјановски.

РСЕ: Се претвора ли Куманово во големо градилиште?

„Се почнува постапка за изградба на атлетска стартна стаза и спортски полигон во горниот Соколански парк, односно во училиштето „Наце Буѓони“, прва од таков вид во Македонија. Започнува изградба на нова спортска сала во населбата Перо Чичо, голема илјада и 500 метри квадратни, со 300-400 седишта, модерна во крајна фаза на проектирање е затворен зимски баезн и летен полигон за акваленд на позицијата на спортско-рекреативните центри на Спортска сала. И тоа ќе биде една голема инвестиција која ќе им овозможи на граѓаните услови за спортување и рекреација.“

Дамјановски додава дека паралелно оди и развојна програма, за околу 30 улици, дел од нив се и започнати, канализациони системи, со што Куманово претстојните две години со издавање обврзници и кредитно задолжување, како и со зголемување на буџетот со нов прилив на средства од продажба на неизградено градежно земјиште и легализација од дивоизградените објекти, ќе успее да ги реализира сите проекти.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG