Достапни линкови

Куманово со (не)реален буџет?


Совет на општина Куманово
Совет на општина Куманово

Усвоен буџетот на општина Куманово. Опозицијата со забелешки дека не коренспондира со реалните проблеми на градот.

Мнозинството од советниците во Општинскиот Совет на Куманово, најголемата локална единица во државава, го прифатија извештајот за завршната сметка на општинската каса за минатата година. На тоа колку и како биле реализирани планираните проекти реагира опозиционата коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, упатувајќи забелешки до градоначалникот.
Стефан Трајановски, советник од опозиционата коалиција во Куманово вели:

„Основните цели на буџетот на општината се да бидат реализирани проектите ветени од градоначалникот. А од извештајот се гледа дека степенот на реализираните проекти е многу низок. Изградба на улици скоро да нема, има само одржување, а ветеното за две години не е ни почнато.“
Од извештајот се гледа дека степенот на реализираните проекти е многу низок. Изградба на улици скоро да нема, има само одржување, а ветеното за две години не е ни почнато.

Според Трајановски причината е во лошо планираниот буџет.

„Буџет кој не ја отсликува реалната состојба, а тоа е кризата во државата. Градоначалникот се однесува неодговорно. Да не ветува кули и вили, кога нема пари да ги реализира.“

Советниците од мнозинството, пак, не реагираат на забелешките на опозицијата, а Ирена Илиевска, раководител на Секторот за финансии објаснува:

„Вкупно реализирани приходи по основ на завршната сметка на целокупниот буџет се 86 отсто. При што најголемо е даночното остварување, сопствени приходи на општината како и на блок дотациите наменети за финансирање на општинските буџетски корисници.“

РСЕ: Што значи тоа?

Куманово

„Тоа значи, сопствените приходи на општината, даноците и комуналните такси се соберени 75 отсто во однос на планираниот буџет, а средствата кои доаѓаат од соодветни министерства за финансирање на буџетските корисници од областа на образованието, социјалата, детската заштита и култура се пристигнати според предвиденото согласно последниот ребаланс на државно ниво.“

Според Илиевска, расходите се 83 отсто, а тие 3 отсто средства се останати на сметки на буџетот и ќе се пренесат во 2011 година како соодветни приливи на пооделни сметки.

„Трошоците, се поделени на тековно оперативни за нормално функционирање, за подмирување на обврските на општината и општинските буџетски корисници и изнесуваат 92 отсто. Капиталните
50 отсто од трошоците се реализирани поради тоа што за дел не биле изготвени проекти, а другиот дел тендерската постапка била одолговлечувана поради жалбите до второстепената комисија за јавни набавки и најголем дел од трошоците со последниот ребаланас на државниот буџет во ноември 2010 биле симнати од капиталните трошоци, а биле наменти за торшоци за образование, основно и средно.
инвестиции се реализирани 50 отсто во однос на планот и пооделно и во завршната сметка е дадено што е реализирано. Тоа се улици, фекална и атмосферска канализација и други проекти кои се завршени и исплатени од сметката на општината.“

РСЕ: Зошто само 50 отсто од капиталните инвестиции?

„Согласно собраните средства, 50 отсто од трошоците се реализирани поради тоа што за дел не биле изготвени проекти, а другиот дел тендерската постапка била одолговлечувана поради жалбите до второстепената комисија за јавни набавки и најголем дел од трошоците со последниот ребаланас на државниот буџет во ноември 2010 биле симнати од капиталните трошоци, а биле наменти за торшоци за образование, основно и средно.“

Илиевска објаснува дека средствата добиени од државата биле недоволни за образованието, така што дури 26 милиони денари од капитални инвестиции се намалени како капитален трошок од катна гаража, како и дел од улици и речното корито.

„А се пренаменети за плати на вработените во основното и средното образование и за подмирување на трошоците за нафта и за превоз на учениците во училиштата“, вели Илиевска.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG