Достапни линкови

Тројца убиени во напади во Алепо, сириската влада и СДФ меѓусебно се обвинуваат


Фотоархива: Сириската армија се упатува кон Латакија за да се приклучи на борбата против борците поврзани со соборениот сириски лидер Башар ал-Асад, во Алепо, Сирија/2025
Фотоархива: Сириската армија се упатува кон Латакија за да се приклучи на борбата против борците поврзани со соборениот сириски лидер Башар ал-Асад, во Алепо, Сирија/2025

Најмалку три лица загинаа, а неколку други се повредени во северниот сириски град Алепо, соопшти државната новинска агенција САНА во вторник (6 јануари), по смртоносните напади за кои сириските владините сили и Сириските демократски сили (СДФ) предводени од Курдите меѓусебно се обвинуваат.

Министерството за одбрана на Сирија соопшти во своја изјава дека СДФ ја продолжиле „ескалацијата“ со насочување кон позиции на армијата и населени области во Алепо.

СДФ ја негираа својата одговорност, тврдејќи дека жртвите се предизвикани од „непроверено“ артилериско и ракетно гранатирање од фракции кои се во сојуз со владата во Дамаск.

Насилството следува неколку дена по средбата на високи претставници од СДФ и владата во Дамаск за спроведување на договорот постигнат пред скоро 10 месеци, кој имаше за цел целосно интегрирање на полусамоуправната Курдска област во централната сириска влада.

Договорот требаше да се спроведе до крајот на 2025 година, но двете страни постигнаа мал напредок, обвинувајќи ја едната друга за блокирање или постапување со лоша намера.

СДФ не сака да ја отстапи автономијата што ја стекна како главен сојузник на САД за време на војната, која ѝ овозможи контрола врз затворите на Исламската држава и богатите нафтени ресурси.

Интегрирањето на СДФ во сириската армија би го залечило најдлабокото преостанато расцепување во Сирија, но неуспехот во тоа може да доведе до вооружен судир што би го загрозил излегувањето на земјата од 14-годишната војна и потенцијално да ја вклучи и Турција.

Како што напредокот заостанува, избувнаа неколку борби. На 22 декември, сириските владините сили и СДФ се согласија за деескалација во северниот град Алепо, по бран на напади кој остави најмалку двајца цивили мртви и неколку повредени.

Ројтерс

XS
SM
MD
LG