Достапни линкови

Трипуновски: Преку земјоделски задруги до спас од високите цени во маркетите


Трипуновски: Има голем интерес за мерката за враќање на младите во селата
please wait

No media source currently available

0:00 0:19:28 0:00

Земјоделските задруги ќе овозможат директно склучување договори меѓу земјоделците и маркетите, елиминирајќи ги прекупците, што ќе доведе до намалени цени, вели во интервју за РСЕ министерот Цветан Трипуновски. Ннајавува владина кампања за нивно обележувањеза граѓаните да ги препознават.

Министре, веројатно како и сите граѓани за време на викенд имате време и простор да отидете да пазарувате храна за дома. Како ви изгледаат цените во маркетите?

Па, ако мислите на земјоделските производи, редовно ги следам и на пазарите и во маркетите. Морам да кажам дека има одредени зголемувања, односно се превисоки во однос на тоа што е производна, односно откупна цена на самите производи директно од производителите.

Во таа насока, во таа дискрепанца помеѓу производителите и откуп на цени она што се продава на пазарите, ние како министерство имавме серија на состаноци, каде што се обидуваме и правиме еден план на активности како да ги споиме земјоделските задруги како правни субјекти со крајниот потрошувач, тоа се маркетите, за да имаат директна комуникација, со цел да се избегне онаа измеѓу категорија на трговци кои што ги снабдуваат маркетите со земјоделски производи.

А тоа директно ќе значи намалување на цените во маркетите, односно избегнување на овој да речеме измеѓу круг на ланец на трговци.

Од најавата до сега, има формирано некоја земјоделска задруга?

Во Македонија постојат две асоцијации кои што ги собираат сите земјоделски задруги. Во регистарот на министерството има преку триесетина земјоделски задруги кои што се организирани по тип на производство. Некои се во делот на градинарството, други се во овчарството... И состанокот кој што го одржавме со претставници од ланецот, поголемите ланец маркети во Македонија беше токму со двете асоцијации. Првичните разговори се дека дел од нашето производство коешто постои во Македонија, не зборам за оној што е увозен дел, има интерес и од маркетите директно да склучат договори. Бидејќи знаете, земјоделските задруги се правен субјект кој што може да преземат и права и обврски према тој што го склучува договорот. А самите земјоделски задруги, односно асоцијациите да направат интернен план на тоа што значи тип на производство, количина, рок на испорака, бидејќи маркетите сакаат да имаат континуирана достава на свежа роба која што ќе биде достапна за потрошувачите.

Јас мислам дека првичните информации кои што ги имам добиено повратно дека ќе успее овој проект. Мислам дека за многу брзо ќе информираме за првиот договор кој што би се склучил со некој од маркетите. Сметам дека ова е клучот како да се избегне пак ќе повторам онаа измеѓу категорија на трговци кои што практично ја зголемуваат крајната цена на земјоделскиот производ во нашите маркети.

Ако и досега ги имавме земјоделските задруги, зошто тоа и не функционираше?

Видете, тоа треба да ги прашате некои од преходниве министри кои што го преспале мандатот. Јас, мојот мандат меѓу другите активности беше една оваа за да го намалиме таа дискрепанца помеѓу производителот и крајниот потрошувач, се со цел и земјоделецот да има бенефит од своето производство, односно да има производна цена зголемена за одреден процент кој што ќе значи рентабилност и стимул за производство, а од друга страна и крајниот потрошувач да добие производ кој што е со една прифатлива цена согласно нашето производство.

Имаме ли како држава евиденција колку македонски земјоделски производи се наоѓаат на рафтовите во маркетите?

Па, видете, она што јас можам лично еве како потрошувач да го видам, гледам дека најголем дел од македонските земјоделски производи се наоѓаат на пазарите и во маркетите. Меѓутоа, секогаш може подобро и може многу повеќе. Ние како министерство веќе сме во една завршна фаза за една посебна кампања која што ќе ја водиме како министерство и како влада, во делот да го испромовираме домашното производство дополнително. Тоа ќе значи дека секој еден граѓанин ќе има на увид да секој производ кој што се продава да биде јасно обележен дали е од увоз или од македонско потекло.

Дополнително ќе работиме на поткревање на јавната свест дека сепак домашното производство, ако го купуваме домашниот производ, ја помагаме домашната економија, го помагаме македонскиот земјоделец кој што ќе биде дополнително стимулиран дека неговиот труд се вреднува и ќе има една додадена вредност во целиот процес, односно ќе идеме во фаза на зголемување на производството.

Ако оваа кампања ја споредиме со статистичките податоци кои што ги извади Државниот завод за статистика, ќе видите дека веќе за една производна година имаме период на раст на делот на земјоделското производство, односно и по квантитет кој што ќе значи и дополнителен девизен прилив во однос на државата. Бидејќи знаете дека во изминатите години имаше повеќе увоз од тоа што се домашно произведуваше.

Така да, и во тој дел, во делот на статистиката, гледаме дека во првиот квартал од 2024-та споредбено со првиот квартал од 2025та година, и во делот на извозот имаме раст од приближно 5%, меѓутоа и во откупот и продажбата на земјоделски производи по категорија имаме сериозен раст. Некаде се движи од 10 до максимални 50% во делот на растителното производство, што е еден показател дека навистина имаме стагнација на негативата од изминатиов период, идеме во една прогресија каде што ќе значи зголемување на домашното производство. Нормално, тоа ќе резултира со намален увоз на храна која што во изминатите години се увезувала.

Деновиве е актуелен новиот предлог закон за земјоделство и рурален развој, во кој што се предвидува дека државата ќе нуди 100.000 евра на млади брачни парови до 40 години за да се преселат буквално да живеат на село и да одгледуваат земјоделски култури. Прашањето ми е - во услови кога во државата имаме иселување, кога самите градови се празнат, колку реално сметате дека млади брачни парови и млади можат да се поттикнат да идат да живеат на село?

Видете, миграцијата која што се случувала во изминатиов период од село во град или надвор од државата е една од причините за да се намали земјоделското производство. Тука првин морам да лоцирам одговорност и зошто тоа се случило за да дојдеме до моментот што сега ние предлагаме со новиот закон за земјоделство и рурален развој. Сите оние погрешни политики, велам погрешни затоа што не давале резултат. Имаме миграција на младите луѓе од село во град или го напуштаат земјоделскиот процес и го напуштаат селото, затоа што гледаат дека нивните семејства во текот на земјоделското производство немаат рентабилност.

Знаете дека за секое едно семејство, за секој еден човек, моментот на финансискиот бенефит од тоа што го работите е клучен момент дали ќе продолжите или ќе го исклучите, ќе излезете од процесот.

Затоа, младите луѓе се иселуваат од селата и го напуштаат земјоделскиот процес. Она што ние сега го правиме со новиот закон за земјоделство и рурален развој, тука морам да потенцирам дека овој закон е основата на земјоделското производство и оваа мерка која вие што ја предложивте е само една од низата новини кои што ќе бидат во законот.

Бидејќи самиот закон е практично темелот на земјоделското производство и воспоставување на правилата на игра. Таму има неколку поглавја во тој закон. Едно од поглавјата е регулација на пазарот, откупот на земјоделските производи. Останатиот дел е во делот на субвенционирањето, односно категориите на земјоделци кои што ќе бидат опфатени и така натака, и делот е каде што имаме новини, односно смерници во каква насока ќе се движиме.

Она што ние и во овој закон го предлагаме како една од мерките е да младите брачни парови кои што би се вратиле назад, нормално со одреден бизнис план кој што треба да биде прифатлив и така натака, да се наведе и нивото на инвестиција, мислам дека ќе биде добар, добар момент за да се вратат дел од луѓето во селата. Го слушам пулсот на јавноста, на младите луѓе и така натака. Има голем интерес за оваа мерка и верувам дека веќе од идната година кога ќе стапи на сила и законот и оваа мерка ќе има резултат, односно ќе има прогрес.

Министре, Северна Македонија беше под лупа на истражителите на ОЛАФ за злоупотреби на европски пари во земјоделието. Дали и колку истраги имаме во моментов и во однос на претходните истраги дали имаме некаков епилог?

Во делот на претходните истраги јас немам информација дали има епилог. Сигурно кога ќе има ќе биде информирана јавноста. Она што јас можам да го потенцирам е дека Патежната агенција, министерството работат по строги правила кои што треба да се почитуваат. Во моментов освен одредени технички пропусти кои што ги имаат направено дел од апликантите кои што нормално ќе добијат санкција во делот на исплата на финансиски средства, а министерството и платежната агенција работи на нулта толеранција во делот на злоупотреба на ваквите средства, транспарентно да се води целиот процес.

Дополнително охрабрувам доколку некој има сознанија за одредени пропусти да алармира и веднаш да се преземат активности, меѓутоа самата агенција и ревизорското тело редовно прават контроли на тоа што значи исплата по однос на ИПАРД апликации во делот на елиминација на било каква злоупотреба. Повторувам, нулта толеранција и максимално посветеност во почитување на правилата на игра во делот на распределба на овие средства.

Додека сте вие една година еве како министер, досега сте имале некакво обраќање од страна на ОЛАФ за одредена документација?

Не. До мене како министер не се немаат обратено. Она што мене ме информирал директорот на платежната агенција, повторувам, за некои технички, административни пропусти сигурно имало одредена дополнителна контрола кај дел од субјектите каде што се превземени мерки, меѓутоа од меѓународната институција немаме никакво обраќање.

Министре, како можеме да ја објасниме апсурдноста во услови кога државата троши пари за субвенции, притоа сме увозно зависни од храна, а истовремено се донесе закон за урбанистичко планирање во кој што се дозволува земјоделско земјиште да заврши во намена за поставување на фотоволтаици?

Една од измените на законот за земјоделско земјиште кој што го направивме во делот на политиките кои што ги спроведуваме беше ограничувањето на изградба на било каква намена меѓу кои и на фотоволтаици на земјоделско земјиште од прва до четврта категорија.

Меѓутоа, се уште може ако е стратешки објект може да се гради. Иако е плодно земјиште...

Да, стратешките приоритети се нешто поинаку. Јас зборам за оние секојдневни барања кои што стигнуваат до министерството. Во тек на измената на законот, дел од општините имаа започнато процеси на веќе издадени одобренија за градба и инвестиции и затоа веќе со пролонгирање на тој рок од 1.1.2026-та, практично ќе биде заштитено земјоделското земјиште.

Она што во моментов стига како барање кои што се надвор од правилата на игра, ние како министерство го заштитуваме земјоделското земјиште, тоа е и нашата обврска како министерство, бидејќи секоја девастација на земјоделското земјиште е неповратен процес и не можеме да го вратиме назад, а ние е ресурс кој што е многу важен за делот на производството на храна. Затоа, веќе од идната година, од почетокот на идната година, тој закон ќе стапи на сила и практично ќе не може да се пренамени земјоделско земјиште од прва до четврта категорија во делот на дали е за фотоволтаици или за било кој друг друга намена, затоа што, на повторувам, навистина е важно да го зачуваме овој процес како, односно овој ресурс како еден битен сегмент во делот на земјоделското производство. Во минатото се случувале многу пропусти, имале многу барања, многу пренамени на плодно земјиште и така натака.

Знаете дека претходната влада, големи, сериозни површини во делот на Свети Николе ги принамени во градежно земјиште, кои што беа земјиште под систем за наводнување, кој што исто така е многу важно. Меѓутоа, ние еве даваме се од себе за овој процес да го стопираме.

Имаше и критики во однос за донесувањето на овој закон, голем дел од невладините организации и иницијативи бараа да не се да не се потпише, сметајќи дека земјоделското земјиште неповратно ќе биде уништено.

Да, ние остануваме на ставот дека навистина ќе го заштитиме земјоделското земјиште, затоа што повторувам, навистина е дозволиво да се пр4намени во градежно, бидејќи овој е ресурс ако го намалиме по квантитет, ќе имаме проблем во делот на производството на храна. Затоа, изминативе месеци многу малце такви, многу малку такви апликации кои што стигнале до министерството се одобрени. Сепак, повторувам, дека земјодел4ското земјиште навистина за мене како министер е приоритет да го зачуваме како еден од најважните ресурси.

Велите многу малце, сепак има и такви кои што е дозволено.

Па, тоа се претходно постапки кои што биле претходно доставени, односно биле одобрени. Еве, во министерството секојдневно стигаат барања за одобрение за пренамена од земјоделско во градежно, односно за одобрување на градба за објекти за земјоделска намена.

На пример, тоа се објекти кои што се магацини, преработувачки капацитети и така натака, кои што согласно постоечкиот закон немаат пречка да бидат изградени, меѓутоа не и за останати објекти кои што ќе значат трајна пренамена на земјоделското земјиште. Сега имате, на пример, некој корисник на земјоделско земјиште кој што има потреба да изгради одреден магацински простор за чување на своите постбербени активности, односно на плодот, и тука практично нема пречка да биде тој објект изграден и тоа не значи пренамена на земјоделското земјиште во градежно. Она што вие претпоставувам го прашувате е изградбата на фотоволтаици каде што комплетно земјиштето преминува во една друга категорија. Такви барања во моментов не се стигнати до министерството.

Левица обвини за непотизам на премиерот велејќи токму во вашето министерство дека се вработил кумашинот на премиерот а сопругата на неговиот кумашин во Платежната агенција ако не се лажам. Кој е вашиот коментар?

Тоа се луѓе кои се долги години во институциите кои си ја знаат работата, јас во делот на моето министерство луѓето не ги делам по политичка или верска припадност, еднотавно сите кои се професионалци си ја работат работата се да учествуваат во овие тешки времиња да го придвижиме процесот надвор од она што го наследивме како министерство.

Во однос на обвинувањата за непотизам?

Видете, Левица е политичка партија која се користи со некои такви политички моменти за да собере политички поени но јавноста може да цени како работи министерството и Владата.

Повеќе во интервјуто.

  • 16x9 Image

    Петар Клинчарски

    Петар Клинчарски новинарската кариера ја започнува како репортер во медиумот А1он, подоцна продолжувајќи ја во ТВ Телма. Од 2016-та до 2022-ра година беше дел од емисијата „360 степени“. Од јуни 2023-та година работи како новинар во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG