Достапни линкови

МПЦ-ОА одбележа 1700 години од Првиот вселенски собор на кој присуствувале и тројца македонски епископи


Поглаварот на МПЦ-ОА Митрополитот скопски и Архиепископ охридски и македонски Г.Г. Стефан.
Поглаварот на МПЦ-ОА Митрополитот скопски и Архиепископ охридски и македонски Г.Г. Стефан.

Во археолошкиот локалитет „Стоби“ денеска, во пресрет на Неделата на светите отци од Првиот вселенски собор, беше отслужена Света Божествена литургија, со која чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со повеќе македонски архијереи и со бројно свештенство.

МПЦ - ОА упати повик до сите православни верници од земјава да дојдат и во заедничка радост, соборно да биде прославена 1700-годишнината од одржувањето на историскиот Прв вселенски собор.

На Првиот вселенски собор, одржан во Никеја, во 325 година, присуствувале и тројца македонски епископи: Александар, Епископ на Солун, Будиј, Епископ на Стоби и Дакиј, Епископ на Скупи.

Присуството на македонски епископи на овој Собор, како што нагласуваат од МПЦО-ОА, е историски показател за длабоките корени на христијанството во Македонија, односно за тоа дека во тој период, на нашиве простори веќе постоел организиран христијански живот со добро раководена Црква и црковна заедница.

XS
SM
MD
LG