Достапни линкови

На парадата во Москва, Русија ги претстави дроновите што ги користи против Украина

Беспилотното летало „Лансет“ на воената парада во Москва, Русија, на 9 мај 2025 година
Беспилотното летало „Лансет“ на воената парада во Москва, Русија, на 9 мај 2025 година

Русија денеска (9 мај) на Црвениот плоштад во Москва ги претстави борбените беспилотни летала што ги користеле нејзините сили во војната во Украина, што е првпат да ги изложи, објави државната телевизија, а пренесе Ројтерс.

Претседателот Владимир Путин, кинескиот претседател Си Џинпинг и повеќе од 20 други странски лидери гледаа како разни дронови од руско производство, монтирани на камиони, се транспортираат на нивните лансери низ пространиот плоштад, заедно со друга воена опрема.

Во својот говор, Путин ја пофали храброста на руските војници ангажирани во Украина, велејќи дека „целата земја, општество и народ ги поддржуваат учесниците во специјалната воена операција“ во Украина.

„Горди сме на нивната храброст и решителност, на нивната сила на умот што секогаш ни носеше победа“, додаде тој, велејќи дека Русија „беше и ќе биде неуништлива бариера против нацизмот, русофобијата и антисемитизмот“.

Најголемата забава: Прослави на Денот на победата низ светот во 1945 година

<p>Жени облечени во фустани со знамињата на САД, Франција, Велика Британија и Советскиот Сојуз за време на прославите во центарот на Париз.
1/22

Жени облечени во фустани со знамињата на САД, Франција, Велика Британија и Советскиот Сојуз за време на прославите во центарот на Париз.

<p>Британки танцуваат со американски војници во Лондон на 8 мај, ден откако нацистичка Германија им се предаде на сојузниците.
2/22

Британки танцуваат со американски војници во Лондон на 8 мај, ден откако нацистичка Германија им се предаде на сојузниците.

<p>Млади Американци прославуваат во Балтимор, Мериленд.
3/22

Млади Американци прославуваат во Балтимор, Мериленд.

<p>Спонтан марш по улиците на Париз за прослава на победата.
4/22

Спонтан марш по улиците на Париз за прослава на победата.

<p>Толпа се собира да слави победа под репликата на Статуата на слободата на Тајмс Сквер.
5/22

Толпа се собира да слави победа под репликата на Статуата на слободата на Тајмс Сквер.

<p>Жена свири гитара и пее во центарот на Москва на прославата за победата над фашизмот.
6/22

Жена свири гитара и пее во центарот на Москва на прославата за победата над фашизмот.

<p>Толпа млади фрлаат во воздух британски наредник во Москва на прославата на победата над фашизмот.
7/22

Толпа млади фрлаат во воздух британски наредник во Москва на прославата на победата над фашизмот.

<p>Лондончани, меѓу кои и човек со мустаќи како Хитлер, слават во паб во Лондон.
8/22

Лондончани, меѓу кои и човек со мустаќи како Хитлер, слават во паб во Лондон.

<p>Група официри и цивили гледа од врвот на Триумфалната капија во Париз додека се собира толпата за прослава.
9/22

Група официри и цивили гледа од врвот на Триумфалната капија во Париз додека се собира толпата за прослава.

<p>Премиерот Винстон Черчил и британското кралско семејство ја поздравуваат толпата собрана пред Бакингемската палата. Таа вечер, идната кралица Елизабета II (лево) и принцезата Маргарет (десно) се придружија на толпата која се забавуваше на прославата на победата. Елизабета го опиша искуството како „една од најнезаборавните ноќи во мојот живот“.
10/22

Премиерот Винстон Черчил и британското кралско семејство ја поздравуваат толпата собрана пред Бакингемската палата. Таа вечер, идната кралица Елизабета II (лево) и принцезата Маргарет (десно) се придружија на толпата која се забавуваше на прославата на победата. Елизабета го опиша искуството како „една од најнезаборавните ноќи во мојот живот“.

<p>Ранетиот наредник на американската армија Артур Мур во Њујорк.
11/22

Ранетиот наредник на американската армија Артур Мур во Њујорк.

<p>Пикап возило преполно со луѓе на прославата на победата во Лондон.
12/22

Пикап возило преполно со луѓе на прославата на победата во Лондон.

<p>Толпа народ прославува пред амбасадите на Британија и САД во Лисабон, Португалија.
13/22

Толпа народ прославува пред амбасадите на Британија и САД во Лисабон, Португалија.

<p>Младите војници маршираат низ Лондон. На забавата беа почнати многу трајни врски кои завршија со брак. Тинејџерката Сузан Нили славеше во Белфаст кога едно 16-годишно момче - Берти „дојде, ме грабна и ме бакна“. Тие двајца подоцна се венчаа и добија син и ќерка. Тие останаа заедно до смртта на Берти во 2012 година.
14/22

Младите војници маршираат низ Лондон. На забавата беа почнати многу трајни врски кои завршија со брак. Тинејџерката Сузан Нили славеше во Белфаст кога едно 16-годишно момче - Берти „дојде, ме грабна и ме бакна“. Тие двајца подоцна се венчаа и добија син и ќерка. Тие останаа заедно до смртта на Берти во 2012 година.

<p>Белоруси слават победа во центарот на Минск. Повеќе од една четвртина од целото население на белоруската С.С.Р. биле убиени за време на Втората светска војна.
15/22

Белоруси слават победа во центарот на Минск. Повеќе од една четвртина од целото население на белоруската С.С.Р. биле убиени за време на Втората светска војна.

<p>Толпа луѓе се собираат на лондонскиот Пикадили циркус каде беше славена победата над фашизмот.
16/22

Толпа луѓе се собираат на лондонскиот Пикадили циркус каде беше славена победата над фашизмот.

<p>Бурна прослава имаше на Црвениот плоштад во Москва. Сведок се сеќава „сите се забавуваа, некои со солзи во очите... Во американската амбасада видовме дипломати и вработени како фрлаат чоколади, слатки и играчки од балконот“.
17/22

Бурна прослава имаше на Црвениот плоштад во Москва. Сведок се сеќава „сите се забавуваа, некои со солзи во очите... Во американската амбасада видовме дипломати и вработени како фрлаат чоколади, слатки и играчки од балконот“.

<p>Норвежани го слават ослободувањето во Троденхајм, откако поминаа 5-годишна окупација од нацистичка Германија.
18/22

Норвежани го слават ослободувањето во Троденхајм, откако поминаа 5-годишна окупација од нацистичка Германија.

<p>Знамиња на Унион Џек беа закачени на улиците на Ерусалим на 9 мај 1945 година. Израел беше основан како држава веднаш по завршувањето на Втората светска војна.
19/22

Знамиња на Унион Џек беа закачени на улиците на Ерусалим на 9 мај 1945 година. Израел беше основан како држава веднаш по завршувањето на Втората светска војна.

<p>Британци слават низ улиците на Лондон качени на автомобил.
20/22

Британци слават низ улиците на Лондон качени на автомобил.

<p>Црвениот плоштад во Москва, преполн со луѓе за време на огномет над Кремљ. Еден човек кој беше таму подоцна изјави за руските медиуми: „Странци се бакнуваа. Не се сеќавам на такво единство на луѓе како што беше на 9 мај 1945 година; сите бевме едно исто -- Руси, Татари, Узбеци и Грузијци -- сите бевме обединети како никогаш досега“.
21/22

Црвениот плоштад во Москва, преполн со луѓе за време на огномет над Кремљ. Еден човек кој беше таму подоцна изјави за руските медиуми: „Странци се бакнуваа. Не се сеќавам на такво единство на луѓе како што беше на 9 мај 1945 година; сите бевме едно исто -- Руси, Татари, Узбеци и Грузијци -- сите бевме обединети како никогаш досега“.

<p>Лондончани спијат на улица по големата прослава за победата. Иако војната во Европа беше завршена, Втората светска војна не беше завршена. Борбата против Јапонија продолжи до септември 1945 година.
22/22

Лондончани спијат на улица по големата прослава за победата. Иако војната во Европа беше завршена, Втората светска војна не беше завршена. Борбата против Јапонија продолжи до септември 1945 година.

Previous slide
Next slide

Коментаторот на државната телевизија, кој ја пренесуваше парадата во живо, рече дека беспилотните летала биле широко и ефикасно користени во руската операција во Украина.

Дроновите „Лансет“, „Геран-2“, „Орлан-10“ и „Орлан-30“ се меѓу прикажаните на парадата по повод 80-годишнината од победата на Советскиот Сојуз и неговите сојузници над нацистичка Германија.

Ројтерс потсетува дека беспилотното летало „Орлан“ е широко користено за извидување и избирање цели. Ракетата „ZALA Лансет“ се користи за ударни и извидувачки мисии и, според извештаите, нападнала и уништила бројни парчиња украинска воена опрема, вклучувајќи тенкови и воен авион.

Геран-2 е руски камикази дрон дизајниран во Иран. Тие се користат за таргетирање на енергетската инфраструктура на Украина, а Киев ја обвини Москва дека ги користи за напади врз станбени згради.

Русија негира дека намерно ги гаѓа цивилите, тврдејќи дека ги гаѓа само воените или воено-поврзаните објекти.

Украина, исто така, разви свои напредни беспилотни летала и ефикасно ги користи против руските трупи на бојното поле и цели во Русија, како што се нафтени депоа и рафинерии, објави Ројтерс.

This item is part of
XS
SM
MD
LG