Достапни линкови

Ден на жалост во Киев по смртта на 12 луѓе во рускиот ракетен напад

Станбена зграда во Киев оштетена од руски воздушен напад, 24 април 2025 година
Станбена зграда во Киев оштетена од руски воздушен напад, 24 април 2025 година

Киев го прогласи 25 април за ден на жалост за 12-те лица убиени во рускиот ракетен и беспилотен напад што го погоди украинскиот главен град во четврток наутро, што го поттикна американскиот претседател Доналд Трамп да упати ретка критика кон рускиот лидер Владимир Путин.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека додека граѓаните на Киев жалат за жртвите и ги отстрануваат урнатините, украинските разузнавачки служби ги проверуваат сите детали, вклучително и дали некои од употребените ракети се произведени во Северна Кореја.

Доколку ова се потврди, Зеленски рече дека тоа би бил уште еден доказ за „криминалниот сојуз“ меѓу Москва и Пјонгјанг.

„Тие убиваат луѓе и го исмејуваат животот заедно - тоа е единственото значење на нивната соработка“, рече Зеленски.

Според Зеленски, во замена за помош, Пјонгјанг добива можност да „го направи своето оружје посмртоносно“ во реални воени услови.

„Треба навистина да извршиме притисок врз Русија да го спречи ова. Дури и во екот на меѓународните дипломатски напори за запирање на оваа војна, Русија продолжува да убива цивили. Ова значи дека Путин не се плаши“, рече Зеленски.

Последици од рускиот ракетен напад врз Киев

<p>Ранета жена седи покрај нејзината куќа во Киев, по рускиот напад
1/11

Ранета жена седи покрај нејзината куќа во Киев, по рускиот напад

Русија изврши голем напад со проектили и беспилотни летала на повеќе локации низ Украина, срамнувајќи цели станбени згради во Киев. Убиени се најмалку девет лица, а ранети голем број други низ целата земја.
<p>Украински војник изнесува повредена жена од нејзиниот дом откако бил погоден во руските воздушни напади врз Киев
2/11

Украински војник изнесува повредена жена од нејзиниот дом откако бил погоден во руските воздушни напади врз Киев

Русија изврши голем напад со проектили и беспилотни летала на повеќе локации низ Украина, срамнувајќи цели станбени згради во Киев. Убиени се најмалку девет лица, а ранети голем број други низ целата земја.
<p>Балистичка ракета експлодира во воздух под дејство на против-воздушната одбрана на небото над Киев
3/11

Балистичка ракета експлодира во воздух под дејство на против-воздушната одбрана на небото над Киев

Русија изврши голем напад со проектили и беспилотни летала на повеќе локации низ Украина, срамнувајќи цели станбени згради во Киев. Убиени се најмалку девет лица, а ранети голем број други низ целата земја.
<p>Спасувачи ги расчистуваат урнатините барајќи станари во зграда во Киев погодена од руска балистичка ракета
4/11

Спасувачи ги расчистуваат урнатините барајќи станари во зграда во Киев погодена од руска балистичка ракета

Русија изврши голем напад со проектили и беспилотни летала на повеќе локации низ Украина, срамнувајќи цели станбени згради во Киев. Убиени се најмалку девет лица, а ранети голем број други низ целата земја.
<p>Жители на Киев чекаат на улца додека спасувачките екипи ги бараат нивните роднини под урнатините на гранатираните згради
5/11

Жители на Киев чекаат на улца додека спасувачките екипи ги бараат нивните роднини под урнатините на гранатираните згради

Русија изврши голем напад со проектили и беспилотни летала на повеќе локации низ Украина, срамнувајќи цели станбени згради во Киев. Убиени се најмалку девет лица, а ранети голем број други низ целата земја.
<p>Момче на местото на ракетниот напад во областа Свјатошински во Киев
6/11

Момче на местото на ракетниот напад во областа Свјатошински во Киев

Русија изврши голем напад со проектили и беспилотни летала на повеќе локации низ Украина, срамнувајќи цели станбени згради во Киев. Убиени се најмалку девет лица, а ранети голем број други низ целата земја.
<p>Спасувачи носат ранет жител на станбен комплекс во Киев
7/11

Спасувачи носат ранет жител на станбен комплекс во Киев

Русија изврши голем напад со проектили и беспилотни летала на повеќе локации низ Украина, срамнувајќи цели станбени згради во Киев. Убиени се најмалку девет лица, а ранети голем број други низ целата земја.
<p>Медицинска екипа му помага на ранет во нападот на Киев
8/11

Медицинска екипа му помага на ранет во нападот на Киев

Русија изврши голем напад со проектили и беспилотни летала на повеќе локации низ Украина, срамнувајќи цели станбени згради во Киев. Убиени се најмалку девет лица, а ранети голем број други низ целата земја.
<p>Жителка на Киев покрај покриеното тело на нејзин роднина загинат во синоќешниот руски напад на Киев
9/11

Жителка на Киев покрај покриеното тело на нејзин роднина загинат во синоќешниот руски напад на Киев

Русија изврши голем напад со проектили и беспилотни летала на повеќе локации низ Украина, срамнувајќи цели станбени згради во Киев. Убиени се најмалку девет лица, а ранети голем број други низ целата земја.
<p>Спасувачи и припадници на службата за итна помош носат тело на жител на Киев пронајден под урнатините на погодена станбена зграда
10/11

Спасувачи и припадници на службата за итна помош носат тело на жител на Киев пронајден под урнатините на погодена станбена зграда

Русија изврши голем напад со проектили и беспилотни летала на повеќе локации низ Украина, срамнувајќи цели станбени згради во Киев. Убиени се најмалку девет лица, а ранети голем број други низ целата земја.
<p>Спасувачките екипи ги расчистуваат урнатините во потрага по загинати и преживеани
11/11

Спасувачките екипи ги расчистуваат урнатините во потрага по загинати и преживеани

Русија изврши голем напад со проектили и беспилотни летала на повеќе локации низ Украина, срамнувајќи цели станбени згради во Киев. Убиени се најмалку девет лица, а ранети голем број други низ целата земја.
Previous slide
Next slide

Трамп, кој не сакаше да ја критикува Русија, го осуди нападот во објава на социјалните мрежи упатена до Путин.

„Не сум задоволен од руските напади врз Киев. Не се потребни, а времето е многу лошо. Владимир, престани! По 5000 војници умираат неделно. Да го завршиме мировниот договор!“, напиша Трамп.

Зеленски, кој ја прекина посетата на Јужна Африка поради нападот, го повтори својот повик за целосно запирање на воздушните напади и рече дека Украина треба да го зајакне својот воздушен штит за да ја гарантира безбедноста на својот народ.

Зеленски рано наутро на 25 април изјави дека руските сили се обиделе да ги искористат воздушните напади како покритие за засилени копнени напади, но дека биле одбиени.

„Русите всушност се обидоа, под закрилата на нивните масовни воздушни напади, да извршат копнени напади“, напиша Зеленски на Телеграм, осврнувајќи се на извештајот на врховниот командант Олександр Сирски.

„Кога нашите сили беа максимално концентрирани на одбрана од ракети и беспилотни летала, Русите започнаа со засилени копнени напади. Но, тие беа одбиени на достоинствен начин“, додаде Зеленски.

Додека Киев го поднесе најголемиот товар од масовниот напад, властите соопштија дека 90 лица биле повредени во градот покрај 12-те смртни случаи. Погодени биле и регионите Житомир, Днепропетровск, Харкив, Полтава, Хмелницки, Суми и Запорожје.

Украинските службеници за спроведување на законот соопштија дека најмалку 25 станбени згради се сериозно оштетени во Киев, а јавни објекти, вклучувајќи градинка и училиште, исто така биле погодени од воздушните напади.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за американската телевизија Си-Би-Ес изјави дека Русија ги таргетира само украинската војска или цивилните објекти што ги користи војската.

На прашањето дали нападот бил намерен, Лавров рече дека министерот за одбрана и командантите на терен имаат право да напаѓаат цели што ги користи украинската армија.

Западните напори за решавање на војната во Украина или дури и за обезбедување привремен прекин на огнот, пропаднаа бидејќи Русија не покажува знаци за омекнување на нападите, додека Украина ги отфрла американските предлози.

Кремљ наводно бара мировен договор што би ѝ овозможил на Русија да ја задржи контролата врз Крим, како и врз украинските територии во регионите Луганск, Донецк, Запорожје и Херсон, кои ги зазеде по инвазијата во февруари 2022 година.

Зеленски постојано повторува дека признавањето на окупираната територија како руска е неприфатливо за Украина. Тој на 24 април истакна дека Украина се согласила со американскиот предлог за прекин на огнот пред 44 дена како прв чекор кон мировните преговори, но дека нападите на Москва сè уште траат.

Коментирајќи ги дипломатските напори, Лавров за Си-Би-Ес њуз изјави дека САД и Русија се движат во вистинската насока, но дека сè уште треба да се договорат некои специфични елементи од договорот.

This item is part of
XS
SM
MD
LG