Додека ширум Србија се протестира, Вучиќ најавува „движење за народот и државата“
Антивладини протести ширум Србија, Белград, 24 јануари 2025
„Генералниот штрајк“ во Србија, на кој повикаа студентите, затвори бројни локали и изнесе на улица илјадници луѓе. Клуч на врата ставија бројни продавници, ресторани, кафулиња, кина во многу градови. Паралелно, српскиот претседател организира партиски митинг и тврди дека Србија е нападната и однадвор и одвнатре.
Илјадници поддржувачи на владејачката Српска напредна партија (СНС) и нејзините коалициски партнери се собраа на партиски митинг во Јагодина, централна Србија, на 24-ти јануари.
На митингот беше најавено формирање на „движење за народот и државата“, кое треба да ги обедини владејачките партии и нивните поддржувачи.
„Сите сте добредојдени во движењето, движењето на големите промени“, порача српскиот претседател Александар Вучиќ.
Ваквото движење беше претставено дека ќе обедини луѓе кои имаат „различни политички мислења, спротивставени ставови, различни искуства, кои се во различни политички партии, како и оние кои никогаш не биле во ниту една партија и кои не биле заинтересирани за политика“.
Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Белград за време на генералниот штрајк во Србија на 24 јануари. Демонстрантите побараа одговорност од властите и правда за жртвите кои загинаа во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад минатиот ноември
Покажи повеќеShow less
2/10Тие бараат и кривична и политичка одговорност за уривањето на реконструирана бетонска настрешница на централната железничка станица во Нови Сад, во која загинаа 15 лица.
Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Белград за време на генералниот штрајк во Србија на 24 јануари. Демонстрантите побараа одговорност од властите и правда за жртвите кои загинаа во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад минатиот ноември
Покажи повеќеShow less
3/10Демонстрантите застанаа 15 минути молк во знак на сеќавање на секој загинат во уривањето на настрешницата на железничката станица.
Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Белград за време на генералниот штрајк во Србија на 24 јануари. Демонстрантите побараа одговорност од властите и правда за жртвите кои загинаа во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад минатиот ноември
Покажи повеќеShow less
4/10Повикувајќи на генерален штрајк, тие ги повикаа граѓаните да се воздржат од одење на работа, шопинг или други финансиски трансакции.
Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Белград за време на генералниот штрајк во Србија на 24 јануари. Демонстрантите побараа одговорност од властите и правда за жртвите кои загинаа во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад минатиот ноември
Покажи повеќеShow less
5/10Некои продавници поставија табли со кои ги обвинуваат властите дека имаат крв на нивните раце.
Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Белград за време на генералниот штрајк во Србија на 24 јануари. Демонстрантите побараа одговорност од властите и правда за жртвите кои загинаа во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад минатиот ноември
Покажи повеќеShow less
6/10Демонстрантите носеа маици и држеа транспаренти со пораки во кои ги обвинуваат властите дека се одговорни за смртоносниот инцидент во Нови Сад.
Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Белград за време на генералниот штрајк во Србија на 24 јануари. Демонстрантите побараа одговорност од властите и правда за жртвите кои загинаа во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад минатиот ноември
Покажи повеќеShow less
7/10Повеќе од 200 компании ширум Србија објавија дека ја прекинале работата на 24 јануари во знак на солидарност со студентите.
Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Белград за време на генералниот штрајк во Србија на 24 јануари. Демонстрантите побараа одговорност од властите и правда за жртвите кои загинаа во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад минатиот ноември
Покажи повеќеShow less
8/10На повикот на студентите за генерален штрајк се приклучи и Cinema Cineplexx, која работи со кината низ Србија.
Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Белград за време на генералниот штрајк во Србија на 24 јануари. Демонстрантите побараа одговорност од властите и правда за жртвите кои загинаа во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад минатиот ноември
Покажи повеќеShow less
9/10„Нема чоколада на денот на блокада“, гласеше натписот на затворените врати на слаткарница во Белград.
Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Белград за време на генералниот штрајк во Србија на 24 јануари. Демонстрантите побараа одговорност од властите и правда за жртвите кои загинаа во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад минатиот ноември
Покажи повеќеShow less
10/10Една белградска книжарница беше меѓу дуќаните кои се затворија.
Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Белград за време на генералниот штрајк во Србија на 24 јануари. Демонстрантите побараа одговорност од властите и правда за жртвите кои загинаа во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад минатиот ноември
Покажи повеќеShow less
Previous slide
Next slide
Вучиќ тврди дека Србија е „нападната“
Српскиот претседател Александар Вучиќ го започна своето обраќање во Јагодина велејќи дека Србија денес е „нападната“, без притоа да понуди докази за тоа кој ја напаѓа.
„Нашиот народ знае, мојата Србија знае, како е напаѓана денес, како се напаѓа однадвор и одвнатре. Нашиот народ знае кога е време да стане и да ги поддржи оние за кои би можеле да кажат многу нељубезни работи, но знаат дека барем ја чувале Србија и за Србија се бореле“, рече оцени Вучиќ.
Тој ги обвини партиите кои беа на власт за време на петооктомвриските промени дека ја „ограбиле Србија“.
„Денеска ни држат проповеди, сакаат да се вратат на власт. И користат и злоупотребуваат деца за да се вратат на власт“, рече Вучиќ.
„Генерален штрајк“
Овој митинг на поддржувачите на српската власт во Јагодина се одржува додека траат масовните протести низ Србија, по повикот за генерален штрајк што го упатија студентите кои ги блокираат универзитетите и факултетите.
На протестите се бара властите да одговараат за смртта на 15 лица во несреќата на Железничката станица во Нови Сад.
Десетици илјади демонстранти денеска (24 јануари), се одзваа на студентскиот повик и излегоа на протести.
Исто така, денес се одржа и „генерален штрајк“ – акција на која се приклучија бројни бизнисмени, просветни работници, културни работници, адвокати. Тие во знак на протест и поддршка на студентите ја прекинаа работата.
Во бројни градови, денеска клуч на врата ставија многу продавници, ресторани, кафулиња, книжарници и кина.
Во говорот од Јагодина, пак, Вучиќ рече дека „децата припаѓаат во училиште“, а не на протести, алудирајќи на блокадите на училиштата низ Србија и учеството на средношколците во денешните протестни маршеви.
„Што се однесува до студентите, и покрај сите навреди и груби зборови, ги повикувам да се вклучат во дијалог и да кажат што не е исполнето. Кажете ни јавно кое точно барање не е исполнето – не мислете дека јас не знам дека не постои“, рече Вучиќ.
Вучиќ за време на собирот во Јагодина, 24 јануари 2024 г.
Тој повтори дека Владата ги исполнила сите четири барања на студентите.
Тој исто така тврди дека протестите и блокадите на патиштата низ Србија не се пријавени во полиција.
На овој партиски митинг, покрај Вучиќ присуствуваа и владините министри – членови на владејачката Српска напредна партија, како и коалиционите партнери.
Низ Србија изминатиот период се одржува акцијата „15 минути молк“ во чест на загинатите во уривањето на настрешницата на реконструираната железничка станица во Нови Сад на 1 ноември.
Студентите блокираат повеќе од 60 факултети и два универзитетски кампуси.
Граѓаните, студентите и опозицијата бараат политичка и кривична одговорност за уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, кога загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.
Бетонската настрешница на зградата на железничката во Нови Сад се урна само неколку месеци по свеченото отворање на станицата – по тригодишната реконструкција и тврдења на официјалните лица дека е изградена според највисоките европски стандарди.
Вишото јавно обвинителство во Нови Сад на 30 декември поднесе обвинителен акт против 13 лица во врска со уривањето на настрешница.
Меѓу обвинетите се поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ и неговата помошничка Анита Димоски, како и поранешната директорка на јавното претпријатие Инфраструктура Железници на Србија, Јелена Танасковиќ.
10 обвинети се во притвор, Весиќ е на слобода, а Танасковиќ и Димоски се во домашен притвор.