Хуманитарен коридор за излез од Мариупол, нови санкции за Русија
Маж гледа гранатирана зграда во Мариупол, март 2022
Украина и Русија договорија отворање на хуманитарен коридор за жителите на Мариупол да можат да го напуштат градот во кој се водат интензивни борби. Во меѓувреме се воведоа нови санкции против Русија, а САД се договорија да ѝ испорачаат гас на ЕУ за да се намали зависноста од рускиот гас
Руската неиспровоцирана инвазија врз Украина влезе во втор месец, а западните сојузници воведоа уште еден сет санкции кон Москва, ветувајќи повеќе воена поддршка и помош за Киев.
Претседателот Володимир Зеленски им се заблагодари на НАТО и на Европската унија (ЕУ) што соработуваат за поддршка на Украина и воведување санкции кон Русија, но жали што овие чекори не биле преземени порано.
„Применивте санкции. Ние сме благодарни. Ова се силни чекори. Но, беше малку доцна... имаше шанса“, рече тој, додавајќи: „Ако имаше превентивни санкции, Русија можеби немаше да влезе во војна“.
Лидерите на 30-те земји на НАТО, Групата 7 и 27-те земји членки на Европската унија ги објавија санкциите и дополнителната помош по вчерашните самити во Брисел.
Дсега речиси 4 милиони цивили ја напуштија Украина, а борбите оставија десетици илјади луѓе заглавени во градовите без комунални услуги и намалени резерви на храна.
Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук изјави дека е договорен хуманитарен коридор со Русија за да им се дозволи на цивилите да го напуштат опколениот град Мариупол со приватни автомобили, откако неколку претходни обиди не успеаја.
Верешчук денеска рече дека оние што ќе успеат да излезат од градот ќе можат да се возат со автобуси од блискиот град Бердјанск до градот Запорожје.
„Ќе направиме се што е во наша моќ автобусите полни со жители на Мариупол да стигнат денеска до Запорожје“, рече таа, додавајќи дека е постигнат договор за евакуација на цивилите од градот Мелитопол.
Мариупол, кој пред војната имаше 400.000 жители, е претворен во урнатини, со илјадници загинати цивили, а десетици илјади сè уште бараат пат до безбедно место, надвор од градот.
Претходните договори за хуманитарни коридори пропаднаа, а секоја страна ја обвинува другата дека ги направила непроодни. Руската инвазија врз Украина започна на 24 февруари.
Украина тврди дека ги потиснува руските сили во областите околу Киев
На линијата на фронтот, украинските сили тврдат дека ги потиснале назад руските трупи во некои области околу Киев и рекоа дека биле успешни во нападот на рускиот транспортен брод на морнарицата закотвен во Азовското Море во близина на Мариупол.
Британското Министерство за одбрана денеска потврди дека Украина повторно ги зазела градовите и одбранбените позиции на 35 километри источно од Киев. Министерството додаде дека украинските сили „веројатно ќе продолжат да се обидуваат да ги потиснат руските сили назад“ кон аеродромот Хостомел северозападно од Киев.
Министерството соопшти дека „логистичките прашања и украинскиот отпор“ исто така ги забавуваат руските обиди да го заобиколат јужниот град Миколаив додека се обидуваат да притиснат кон клучниот пристанишен град Одеса.
Војната во Украина низ фотографии
1/12Мајка го засолнува својот син додека гранати го погодија опколениот јужен пристанишен град Мариупол на 23 март.
Откако руското напредување во Украина запре, насилството продолжи на 23 и 24 март, бидејќи ракетните напади и артилериските напади потресоа неколку големи градови, а руски брод наводно бил уништен во јужна Украина.
2/12Автомобил ишаран со шрапнели и течност што истекува по ракетниот напад врз областа Шевченко во Киев на 23 март.
Откако руското напредување во Украина запре, насилството продолжи на 23 и 24 март, бидејќи ракетните напади и артилериските напади потресоа неколку големи градови, а руски брод наводно бил уништен во јужна Украина.
3/12Чад се крева во неидентификувано предградие на Киев по штетата од гранатирањето на 23 март.
Откако руското напредување во Украина запре, насилството продолжи на 23 и 24 март, бидејќи ракетните напади и артилериските напади потресоа неколку големи градови, а руски брод наводно бил уништен во јужна Украина.
4/12Внатрешната рамка на ракетата Смерч, која веројатно содржела касетни бомби, фотографирана откако удрила во земја до споменикот на жртвите на советската репресија на периферијата на Харкив на 23 март.
Откако руското напредување во Украина запре, насилството продолжи на 23 и 24 март, бидејќи ракетните напади и артилериските напади потресоа неколку големи градови, а руски брод наводно бил уништен во јужна Украина.
5/12Брод на руската морнарица изгоре по експлозија во украинското пристаниште Бердјанск, окупирано од Русија, на 24 март. Не е јасно кои бродови биле оштетени во експлозијата.
Откако руското напредување во Украина запре, насилството продолжи на 23 и 24 март, бидејќи ракетните напади и артилериските напади потресоа неколку големи градови, а руски брод наводно бил уништен во јужна Украина.
6/12Еден клиент ја проверува својата пушка во продавница за оружје во Лвов на 23 март. Градот во западна Украина моментално е далеку од војната со пукање, но локациите на западот на земјата се погодени со руски крстосувачки ракети и се прават подготовки за одбрана Лвов.
Откако руското напредување во Украина запре, насилството продолжи на 23 и 24 март, бидејќи ракетните напади и артилериските напади потресоа неколку големи градови, а руски брод наводно бил уништен во јужна Украина.
7/12Жителите на Мариупол чекаат на ред за хуманитарна помош што руските војници ја доделија на 23 март.
Откако руското напредување во Украина запре, насилството продолжи на 23 и 24 март, бидејќи ракетните напади и артилериските напади потресоа неколку големи градови, а руски брод наводно бил уништен во јужна Украина.
8/12Оштетената опашка на ракетата Смерч во областа Шевченко во Киев на 23 март.
Откако руското напредување во Украина запре, насилството продолжи на 23 и 24 март, бидејќи ракетните напади и артилериските напади потресоа неколку големи градови, а руски брод наводно бил уништен во јужна Украина.
9/12Пожарникар во запалена станбена куќа во предградие на Киев на 23 март.
Откако руското напредување во Украина запре, насилството продолжи на 23 и 24 март, бидејќи ракетните напади и артилериските напади потресоа неколку големи градови, а руски брод наводно бил уништен во јужна Украина.
10/12Волонтери носат вреќи со песок што се користат за забарикадирање на локациите во Одеса на 23 март. Јужниот град досега беше главно недопрен од инвазијата, но руски бродови беа забележани во близина на брегот.
Откако руското напредување во Украина запре, насилството продолжи на 23 и 24 март, бидејќи ракетните напади и артилериските напади потресоа неколку големи градови, а руски брод наводно бил уништен во јужна Украина.
11/12Жена стои до гробот на нејзината мајка, една недела откако беше убиена од гранатирање во Мариупол.
Откако руското напредување во Украина запре, насилството продолжи на 23 и 24 март, бидејќи ракетните напади и артилериските напади потресоа неколку големи градови, а руски брод наводно бил уништен во јужна Украина.
12/12Искршени прозорци над оштетен тротоар по ракетниот напад врз областа Шевченко во Киев на 23 март.
Откако руското напредување во Украина запре, насилството продолжи на 23 и 24 март, бидејќи ракетните напади и артилериските напади потресоа неколку големи градови, а руски брод наводно бил уништен во јужна Украина.
Previous slide
Next slide
Западните сојузници воведоа нови санкции против Русија и ветија дека ќе испратат поголема воена и хуманитарна помош за Украина на невидена серија самити во Брисел, чија цел е да се нагласи унифициран одговор на руската воена агресија.
САД ќе работат на испорака на 15 милијарди кубни метри течен природен гас на пазарите на Европската унија оваа година во услови кога Европа се обидува да ги намали руските испораки на гас. Американскиот претседател Џо Бајден и претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен денеска најавија формирање на работна група за намалување на зависноста на Европа од руските фосилни горива по руската инвазија на Украина.
„Денес се договоривме за заеднички план за таа цел, истовремено забрзувајќи го нашиот напредок кон безбедна, чиста енергетска иднина“, рече Бајден на прес-конференција, додавајќи дека нивната иницијатива, исто така, ќе се обиде да ја максимизира употребата на обновливите извори на енергија и да ја намали побарувачката на енергијата.
Бајден најави пакет помош од 1 милијарда долари за Украина и се сретна со фон дер Лајен пред да отпатува во Варшава на разговори со полските лидери за прашањата за енергија и бегалци. Бајден ќе отпатува и во Жешов, град во близина на полско-украинската граница.
Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма. Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.