Достапни линкови

Тешка е борбата на самохраните родители


Станиша Станковиќ, автор на колумната
Станиша Станковиќ, автор на колумната

Години наназад ова беше табу тема – поради фактот дека еднородителските семејства беа во многу помал број, разведени бракови беа реткост, а самохрани родители многу мал процент од населението. Автор на колумната - Станиша Станковиќ

Добро познат муабет е дека самохраните родители и покрај животната судбина, тие секојдневно се борат и со финансиски и општествени проблеми. Општиот статус на самохраните и еднородителските семејства не беше на задоволително место и пред почетокот на пандемијата од КОВИД - 19, но по појавата на пандемијата нивнaта социјална и воглавно земена ситуација дава сериозно негативни резултати и последици.

Традиционално пред секоја колумна и интервју да разјасниме, бидејќи пред и во македонските закони се уште не е јасно. Самохрано семејство е семејство кое едниот родител е починат, непознат, исчезнат или во затвор, додека пак еднородителски семејства претставуваат разведени родители и невенчани партнери. Самохраните семејства во 80% се познати во одредени закони од социјалната заштита, со голем број на нефукционалности оставени од пред неколку децении. Додека термин еднородителско семејство воопшто не се употребува во јавни и државни области.

Години наназад ова беше табу тема – поради фактот дека еднородителските семејства беа во многу помал број, разведени бракови беа реткост, а самохрани родители многу мал процент од населението. Пред десетина години да кажеш дека си самохрана мајка беше реткост, воедно и општествена перцепција со огромен број на заблуди и предрасуди. Македонскиот синдром кој е склоп на стереотипи, говор на омраза, неприфаќање на различноста и осудување на оние кои храбро избираат да се различни, за жал беше присутен и кај овие видови на семејства и се уште е присутен во помалите градови и рурални средини.

Зошто се зголемува револтот и незадоволството на самохраните и еднородителските семејства!?

1. Непостоење на основен закон за социјална заштита во кои јасно ќе се дефинира самохрано и еднородителско семејство.

2. Нереални критериуми при финансиска поддршка од типови на детски и образовен додаток

3. Јавните детски градински се преполни, секогаш се бара дополнително место за згрижување на деца од самохрани и еднородителски семејства.

4. Самохраните родители често не можат да работат заради неусогласеност на работните смени и работата на детските градинки.

5. Судски постапки за развод кои се со високи судски такси и судски трошоци, парници кои се водат во долг временски и неразумен рок, во голем број незадоволни родители и негативен исход.

6. Социјалната заштита како државен стан под закуп, постојана парична помош, социјална помош и друг вид на социјална финансиска услуга наменета за самохрани родители и еднородителски семејства е присутна само на хартија и речиси да не постои во пракса.

7. Социјални услуги од типот на психолошка, правна и социјална поддршка НЕ постои во нашата земја и поради ваквиот државен систем секојдневно гледаме жртви на насилство, суицид, самоповредување и несоцијализација со блиската околина.

8. „Бесплатно основно образование“ – образование во кое се купува облека, училишен прибор, ИТ уреди, додатни часови за странски јазик, природни науки и спортски активности, и дополнителни трошоци за соодветна едукација која ни најмалку не е бесплатна.

9. „Бесплатно средно образование“ – проблеми слични или исти како и во основното образование, од типот на облека, училишен прибор, ИТ уреди. Воедно, за огромна несреќа учениците од самохрани и еднородителски семејства ја примаат најмалата ставка на стипендија определена од Министерството за образование и наука!

10. „Високо образование“ – студентите од самохрани и еднородителски семејства плаќаат партиципација, книги, пријави и други материјали и активности поврзани за образование и надоградба во високото образование. Повторно, тука тие ја добиваат најмалата стипендија за студенти од самохрани и еднородителски семејства определа од Министерството за образование и наука!

11. „Бесплатно здравство“ – секојднено на социјалните мрежи може да видиме како пожртвувани мајки се борат со што имаат и повикуваат на помош при лекување на своите деца. Оваа ситуација не се опишува со зборови, нема свесен човек кој би можел да состави реченица и да зборува на оваа „крвава“ тема.

12. Мерки за вработување на самохрани родители не функционираат доволно од причина заради тоа што курсевите и обуките за определена област чинат доста парично и голем деј од овие типови на семејства не можат да си ги дозволат.

13. „Бурно око на општеството“ – иако сме 2022 година, 21 век стигмата и стравот да се биде самохрано и еднородителско семејство е тука, со нас и се поместува со бавни чекори. Или народски кажано - „Карцином кој тешко се лекува“.

Овие точки се дел од проблемите кои секојдневно им се случуваат на самохраните родители и еднородителски семејства, со текот на времето тие учат да живеат со нив. Со развојот на нашата земја кон европскиот пат има подобрување, да, но тоа се сосем малку, дури незабележително. Единствено граѓанскиот сектор и невладините организации со своите исцрпувачки капацитети работат на подобрување на основните човекови права на маргинализирани групи на граѓани и ранливи категории на луѓе. Благодарение на нив самохраните и еднородителските семејства може да имаат некаков пристап до правна, психолошка и социјална поддршка и помош. Ова е особено застапено во поголемите градови во нашата земја, додека пак овие видови на семејства од рурални средини тешко доаѓаат до ваков вид на бесплатни услуги.

Што беше муабетот со „ПРВ ПРОТЕСТЕН МАРШ ПОСВЕТЕН НА САМОХРАНИТЕ РОДИТЕЛИ“

Македонската јавност на 13.02.2022 во 13.00 часот застана рамо до рамо до нас со самохраните родители кои бараат само нормален и функцинален живот. Сите заедно побараа одговори за прашањата односно состојбите на самохраните и еднородителските семејства.

Одговори за крвавите рани и солзи на самохраните родители, побараа одговор за психичко насилство на самохраните родители кое останува неказнето, одговор за разделбата од своето родено дете, одговори за нестручноста на социјалните центри и социјалните работници, одговор за долгорочните парници за развод, одговори за нелогични решенија за старателство, одговор за пресудите без ниту една судска последица, одговор корупцијата, одговор за адвокатите кои немаат одговор на барањата на самохраните родители, одговори за сите судски рочишта кои завршуваат во фиока, одговор за неосновато одбивање за социјални услуги и потреби пропишани со законот за социјална заштита, одговор за дискриминацијата при вработување на самохран родител, одговор за ниските финансиски стипендии за учениците и студентите од самохрано и еднородителско семејство, одговор за дискриминацијата на студентите од самохрани и еднородителски семејства, одговор на сите одговори кои останале неискажани!

Да, ова е реалноста, ова е вистина, ова е борбата. Се гледа ли крајот на борбата или тапкаме во место? Повеќе одговори во следна прилика.

Бидете поздравени и чувајте се, до следното читање.

Радио Слободна Европа не секогаш се согласува со ставовите на авторите на колумните. Изнесените ставови на авторот можат, но не мораат да ја рефлектираат уредувачката политика на медиумот.

XS
SM
MD
LG