Достапни линкови

Јовановски со Монографија за Балкански фестивал


Милчо Јовановски, автор на Монографијата за Балкански фестивал на народни песни и игри
Милчо Јовановски, автор на Монографијата за Балкански фестивал на народни песни и игри

На неодамна одржаното 60 јубилејно издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри, во Охрид беше промовирана третата по ред монографија чиј автор е новинарот М-р Милчо Јованоски. Тој преку 28 различни стории ја раскажува приказната за најстарата фолклорна манифестација во земјата.

Во годината кога Балканскиот фестивал на народни песни и игри ја одбележува 60-годишнината од своето постоење беше промовирана и третата по ред Монографија за најстарата фолклорна манифестација во земјава. За Фестивалот на кој во изминатите години на летната сцена Долни Сарај и во Центарот за култура во древниот Охрид продефилираа 60 илјади играорци и инструменталисти од целиот свет кои преку фолклорот го презентираа културното богатство на нивните земји, но и историјата,традициите и посебноста на секој народ. Автор на ова актуелно издание е новинарот М-р Милчо Јованоски. Тој, како што ќе биде забележано, успеал „на малку поинаков , по суптилен начин, многу умешно, не само преку факти и слики туку и со вадењето на виделина на емоциите на луѓето кои го граделе и градат Балканскиот фестивал да понуди топла и убава приказна за создавањето и опстојувањето на оваа манифестација на балканските културни простори. Да презентира четиво кое ќе биде интересно и возбудливо и за генерациите кои во Фестивалот кој е запишан во каталогот на УНЕСКО на најзначајни фолклорни манифестации во светот ќе ги препознаваат и негуваат вистинските вредности. Ќе му се восхитуваат на македонското учество во креирањето на мозаикот на светското културно благо.

Инаку, не многу по промоцијата на делото, Јовановски ќе забележи дека неговата фестивалска приказна сврзана со Балканскиот фестивал е речиси идентична со приказната на неговите колеги – новинари чии сеќавања се забележани во Монографијата.

„Се решив, како автор да побегнам од шаблонот за правење монографии во кои има само фактографија и фотографии, а недостигаат емоциите на луѓето и тоа не само на учесниците, затоа што секогаш тие биле на пиедесталот , туку, во случајов на оние кои низ годините растеа и созреваа со и за Фестивалот. Се трудев да вметнам релевантни и проверени информации да ги забележам сеќавањата на оние кои го градеа и градат Балкански. Сепак јасно ми е дека ќе има личности кои биле дел од оваа приказна, а нема да се пронајдат во неа за што од напред им се извинувам. Задачата на Монографијата не е само гола фактографија, туку, како Балканскиот фестивал станал и е дел од нашите животи“, вели Милчо Јовановски.

Тој и со дополна дека кога е веќе кај фактите мора да забележи дека „тешко и макотрпно доаѓал до материјал, особено до фотографии со желбата да се прикаже сето богатство на Балкански – на она што најчесто го гледаме на Долни Сарај и како алтернатива кога невремето ќе не притисне во Центарот за култура“.

„Турболентните ветрови од деведесеттите до оваа 2021 не се знае каде ја „одвеаа“ некогаш грижливо создаваната архива од која сега има само остатоци. Апелирам до сите институции особено до оние од културата да почнат со создавање на компјутерска база на податоци и дигитализација на она што го сочувале од минатото. Бидејќи без него ќе ни е тешко во иднината“, смета авторот.

А, за тоа каква е неговата лична професионална приказна со Балканскиот фестивал на народни песни и игри „признава“ дека се работи за „љубов на прв поглед“.

„Јас и Балкански – љубов на прв поглед. Она што го гледав како дете претежно од дефилето на Плоштадот и по старите охридски сокаци ми стана далеку поблиско- професионално. Известував од и за Балкански мои тонски записи и текстови беа објавувани најмногу во мојата матична новинарска куќа Радио Охрид, дел од нив на Дојче веле или СБС, многу од нив и на Радио Скопје и во други медиуми. Неколку години со ред благодарение на поканата на тогашниот менаџер Драгица Силјаноска го подготвував и уредував фестивалскиот Билтен. Тогаш одвнатре ја запознав „душата“ на фестивалот . Оттука и не случајно сега ја презедов авторската задача – потпирајќи се на основата од претходните две Монографии за фестивалот“, ќе рече Јовановски.

Притоа тој и со информација дека заедно со неговата во Монографијата, под еден наслов – Балканска фолклорна приказна, се застапени 28 лични искажувања на културни работници и градители како Милорад Душаниќ, Славко Упевче, Васко Ташковски, Љубомир Јакимовски, Драгица Силјаноска, Људмил Видически – Буде, Димче Трајчески, Михаил Мишев – Мише, Драгана Боцеска, Ружица Наумоска, Стрезо Стаматоски... и на новинари и известувачи од Фестивалот како Захаринка Милосављевиќ, Марија Велковска, Весна Атанасовска Вучиќ, Лејла Гогова, Сашо Нелоски, Мирјана Мијалкова, Симон Илиески, Веле Митаноски и Каролина Петковска.

„Нивните извештаи стигаа далеку преку етерот и ја ширеа вистината и убавината на фестивалот. Секој од нив во своите приказни фрла зрак светлина и на други луѓе кои биле или се се’ уште дел од Балкански фестивал“, заклучува Милчо Јовановски.

  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG