Достапни линкови

Младите со креативно технолошки решенија во пандемијата


Илустрација

Со познавања во технологијата и социјалните мрежи, како и своја уникатна креативност, пост милениумците придонесуваа на свој начин за време на пандемијата од коронавирусот.

Пост милениумците, познати како генерација З, со креативни решенија не дозволија да ги совлада кризата со пандемијата од КОВИД – 19 и нудеја различни решенија. Со нивните технолошки вештини и познавање на социјалните мрежи помагаа на другите, а и на себе.

Меѓу овие млади се средношколците од Арт Хаус Карев, кои не го откажаа третото издание на „Три дена култура“ и го реализираа онлајн, преку социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

„Три дена култура“ со посебен дух
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:13 0:00


Целта на фестивалот им е средношколците „да се образуваат за уметноста и да стекнат култура на гледање филм и театар“.

„Да се образоваат за уметноста и да стекнат култура на гледање на филм, на театар, да видат некое ново бендче, да знаат како да се однесуваат на свирки, на концерти, впрочем нашата мотивација е да создадеме нешто што припаѓа на средношколците, некоја голема платформа и секој ќе биде дел од нејзе“, објасни 16 годишната Ева Стојчевска, дел од организацијата на фестивалот.

Други пак, мотивирани од самата кризата понудија решение токму за соочување со пандемијата.

Аларм за безбедно растојание
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:16 0:00


Средношколката Христина Микулек од Прилеп на самиот почеток од кризата се мотивираше да создаде аларм за безбедно растојание.

„Единствената мотивација да го изработам овој проект беше порака „Држи безбедно растојание“ кое го обиколи целиот свет поради новиот непријател на човекот – коронавирусот“, објасни Микулек.

Мотивиран од пандемијата, како Микулек, но на 2.302 километри оддалечено од Прилеп, 15 годишниот средношколец од Париз, Ромео Естезет ја пренамени својата соба во работилница за 3Д принтање на визири. Тој секојдевно прави околу 80 визири.

15 годишен средношколец од Париз, Ромео Естезет
15 годишен средношколец од Париз, Ромео Естезет

„Мојот сон е да ја покажам корисноста и едноставноста на оваа технологија на другите млади, со која е достапно за сите производството на предмети особено во криза“, изјави тој за АФП.

Покрај искористување на технологијата и социјалните мрежи, на многумина млади уметноста им помогна за време на полицискиот час.

Ван Џамила Ван Шаифул Бахри, 17 годишна аутистична сликарка од Малезија
Ван Џамила Ван Шаифул Бахри, 17 годишна аутистична сликарка од Малезија

Ван Џамила Ван Шаифул Бахри, 17 годишна аутистична сликарка од Малезија, го посвети своето време креаирајќи колекција „Нашите херои“ во чест на здравствените работници.

„Ги собирав сите информации и вести кои дневно ги гледав на вестите за коронавирусот“, изјави Бахри за АФП.

Младите, конкретно матурантите, трезвено го прифатија и фактот што се одложија матурските прослави. Изјавија дека поважно е здравјето и безбедноста од прославата.

„Сметам дека има многу што ќе пропуштиме со матурата, дури и да се одржи некаква верзија на истата... Но, сепак сметам дека е најважно да останеме сите другари, да останеме во контакт и сега моментално најважно да останеме безбедни, да останеме дома согласно мерките за заштита“, рече Мила Здравковска, матурантка во скопската гимназија „Орце Николов“.

Заложбите на оваа генерација во кризата со пандемијата е креативна, но само времето ќе покаже колку и како оваа криза со пандемијата од коронавирусот ќе влијае врз генерацијата З.

XS
SM
MD
LG