Достапни линкови

Срамот од ковид-19 една од причините да се крие заболувањето


Центар за јавно здравје Тетово.
Центар за јавно здравје Тетово.

Младата тетовчанка Доника Бакиу е активна во подигањето на свеста на луѓето за коронавирусот. Бакиу вели дека дел од населението не верува во ковид-19, а кај дел постои срам од болеста. Правилата треба да се научат, порачува таа.

Доника Бакиу од Тетово, која има 27 години, е една од младите луѓе во градот кои на секаков можен начин агитира меѓу луѓето за потребата од поголема совесност во насока на справување со коронавирусот. Младата тетовчанка е значително активна на социјалните мрежи на интернет, но и во секојдневната комуникација со луѓето, пред се со постарите лица. Вели дека во разговори со луѓето забележала и постоење на срам кај дел од населението доколку имаат заболен од ковид-19 во семејството. Таа се обидува да им укаже дека тоа не е срамно и дека е важно навремено да се побара помош од лекарите.

„Не е срам да се зарази со коронавирус. Не мора да го скриете, кажете ми, повикајте брза помош, побарајте помош. Не е срамота да бидете заразени со корона вирусот и важно е да се лекувате навреме. Срамота е да се биде безгрижен и да се зарази семејството и пријателите“, вели тетовчанката, инаку докторанд по албанологија.

Тетово е на второ место по бројот на активни случаи заразени со ковид 19 во земјава.

Доника Бакиу од Тетово.
Доника Бакиу од Тетово.

Доника објаснува дека и покрај тоа што ситуацијата трае три месеци се уште се соочува со неверувањето кај луѓето за постоење на вирусот како и со непочитувањето на мерките за превенција од ширење на оваа болест.

„Сите ние имаме борба со коронавирус. Но, едно е сигурно, вирусот е меѓу нас. Вирусот постои. Имам молитва како жител на Земјата како човек кој го сака животот и сигурен сум дека сите го сакаме животот да ги почитуваме правилата“, рече Доника.

Здравствените власти во државата неколкупати посочуваа дека се уште има луѓе кои не веруваат дека вирусот постои и дека не ги почитуваат мерките за заштита. Друг пороблем со кој се соочуваат е што луѓето ненавремено одат на лекар, помош бараат премогу доцна, кога шансите да им се помогне се многу мали.Проблем во последно време е и тоа што заразените не ги кажуваат своите контакти, па здравствените власти имаат проблеми во спречувањето на ширењето на болеста.

Во Скопје 1507 активни случаи, најмногу во Чаир, Гази Баба и Аеродром

Младата активистка се обидува да им укаже на луѓето дека коронавирусот нема да го снема и затоа е потребно соодветно дејствување од секој поединец.

„Експертите велат дека ќе треба да се навикнеме да живееме со вирусот. Колку повеќе соработка имаме, толку побрзо ќе се вратиме во нормалниот живот. Затоа да почитуваме, заедно да се бориме – да се чуваме себе и нашите блиски. Да ја сфатиме сериозноста на овој непредвидлив вирус и да го заштитиме јавното здравје“, потенцираа таа.

Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје согледуваат дека собирањето на луѓето и неносење на заштитни маски и понатаму се главни причини за ширење на коронавирусот.

Во земјава досега се дијагностицирани 4664 луѓе со ковид-19. Од нив 2612 се се уште активни. Од болеста досега починаа 216 луѓе, а излекувани се 1836.

XS
SM
MD
LG