Достапни линкови

Пендаровски: Секој да биде свесен за улогата во ширењето на вирусот


Претседателот Стево Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски денеска порача дека се додека здравствените експерти не пронајдат вакцина за Ковид-19, вирусот за жал ќе биде наша реалност.

„Тој ги погодува нашите роднини, пријатели, нашите познаници. Важно е секој да биде свесен за улогата којашто ја игра во ширењето на овој вирус или пак во намалување на бројот на болни“, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Тој повика на одговорност со цел, како што наведе, да го заштитиме сопственото, но и здравјето на луѓето околу нас.

Нови 193 заразени и 9 починати во последното деноноќие

Во последните 24 часа регистрирани се 193 нови случаи на ковид-19. Додека пак 46 пациенти оздравеле, а починале 9 лица, пет од Скопје, двајца пациенти од Куманово, еден пациенти од Тетово и еден пациент од Охрид.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека во наредниот период се очекува бројот на пациенти заразени од корона вирусот уште повеќе да расте и дека токму затоа се прави и реорганизација на капацитетите во болниците.


XS
SM
MD
LG