Достапни линкови

Суспендирани сите патувања од Европа за САД поради коронавирусот


Трамп: „Вирусот нема шанса против нас“
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:28 0:00

Трамп: „Вирусот нема шанса против нас“

„Вирусот нема да има шанса против нас“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во телевизиското обраќање до нацијата. Притоа тој најави мерки, вклучително и суспендирање на патувањата од Европа за Соединетите држави на 30 дена.

Претседателот Доналд Трамп во средата ги суспендираше патувањата од Европа во Соединетите држави на 30 дена во „нов обид да се запре ширењето на пандемија на коронавирус, која предизвика пад на берзата и која брзо се шири.

Забраната стапува во сила на 13 март.

Трамп не прецизираше кои земји се вклучени во рестрикцијата, но во соопштението објавено потоа се наведува дека станува збор за 26 земји од Шенген зоната.

Трамп оцени дека во Европа имало многу случаи на КОВИД-19, бидејќи владите не презеле мерки какви што презема Вашингтон.

„Ние сме во критично време во борбата против вирусот. Ние направивме животно спасувачки потег со брза акција врз Кина. Сега мора да преземеме иста акција врз Европа“.

Забраната нема да вклучува Американци и патници од Британија, која неодамна ја напушти Европската унија, рече Трамп.

Во обраќањето од Овалната соба до загрижената нација, тој се обиде да ги отфрли критиките дека не презел ништо за спречување на кризата, инсистирајќи на тоа дека „вирусот нема да има шанси“.

„Вирусот нема да има шанси против нас. Ниту една земја не е поподготвена или поотпорна од Соединетите држави“.

Оценувајќи дека станува збор за „најагресивен напор за справување со вирусот во модерната историја“ Трамп најави и серија мерки наменети за олеснување на финансискиот товар за луѓето што треба да поминат неколку недели надвор од работа односно во карантин.

Трамп ги повика постарите луѓе да избегнуваат патувања во Соединетите држави.

Одвоено Стејт департментот им препорача на Американците да не патуваат во странство.

Во САД досега има околу 1.200 заразени со вирусот од кои 37 починале.

Од новиот коронавирус во светот досега се заразени над 118.000 лица од кои 4.292 починале.

Вирусот е потврден во 114 држави, а Светската здравствена организација прогласи пандемија што значи дека сите земји во светот треба да преземат мерки за спречување на ширењето на заразата.

Веднаш по обраќањето, Белата куќа соопшти дека 73 годишниот Трамп ќе го откаже денешното патување за Невада и Колорадо од „претпазливост“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG