Достапни линкови

Турските и руските сили се избегнуваат во Сирија


Турција и Русија нема да се конфронтираат
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:04 0:00

Турција и Русија нема да се конфронтираат

Ескалацијата на тензиите во северо-западната сиријска провинција Идлиб, нема да доведе до директен судир меѓу Русија и Турција, а малку е веројатна и интервенција на Соединетите Држави или НАТО. Ова е оценката на турскиот аналитичар Ојтун Орхан од Центарот за Блиско-источни студии.

Според актуелните случувања, Орхан смета дека Турција и Русија избегнуваат да се конфронтираат во Сирија.

Турското Министерство за одбрана стави јасно до знаење дека нивната операција во северна Сирија е насочена исклучиво против сиријските вооружени сили. Истовремено, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија нема намера да влегува во војна со никого. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во четврток ќе ја посети Москва, при што ќе има средба со Путин.

Аналитичарот Орхан оценува:

„Мислам дека тие ќе ги надминат тензиите, бидејќи дипломатскиот процес се одвива, двајцата лидери ќе се состанат, сеуште има шанси за обновување на односите и не мислам дека ескалацијата во Идлиб ќе доведе до директна меѓусебна конфронтација“.

Орхан додава дека турската операција во Сирија е поинаква од досегашните против курдските сили, бидејќи сега не е во можност да изврши масивни воздушни напади. Турција сега не го контролира воздушниот простор таму, па користи само дронови. Борбените авиони можат да дејствуваат само од турскиот воздушен простор, додава Орхан.

Турција побара подршка и од НАТО кога во минатата недела беа убиени 30-тина турски војници во Идлиб, но, според аналитичарите, освен политичка и разузнавачка подршка, тешко дека дека НАТО или САД ќе дадат и директна воена подршка во Сирија.

  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG